7 коментари 2 мин. читање

Vip го претрка One, стана вториот најголем мобилен оператор

По само три години од стартувањето во Македонија, Vip успеа да го претрка One во битката за мобилни претплатници и да стане вториот најголем оператор во земјава. Ова се открива во најновиот извештај за развој на пазарот во Q3 на Агенцијата за електронски комуникации.

Според активните претплатници, вкупно 2.2 милиони (види статистика подолу), Vip оператор има 24,30 отсто од претплатниците, додека One заостанува со 22,38 отсто. T-Mobile сè уште држи повеќе од половина од пазарот со 53,32 отсто.

Сепак, треба да се има в предвид дека One има голем удел и во фиксната телефонија. Всушност, тој е вториот најголем давател на фиксни услуги во Македонија, со 13,72 отсто, додека Македонски Телеком има значителни 72,10 отсто од вкупните 413.468 фиксни линии.

Статистика за телефонијата во .МК во третиот квартал

Во Македонија има 2.257.118 мобилни претплатници, од кои 1.444.888 се припејд претплатници, или околу 64 отсто од корисниците.

Вкупно се зборувани 870.360.911 минути, односно 525 милиони повици, од кои само 7.809.196 кон странство. Сите претплатници во третиот квартал испратиле 137 милиони SMS пораки, и само 186.523 MMS пораки.

Што се однесува до фиксната телефонија, во третиот квартал се направени 86.114.289 повици, или се разговарало 190.993.427 минути, од кои само 1.697.597 повици се кон странски држави.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top