2 коментари 2 мин. читање

Battlefield 3 во претпродажба има 1,25 милиони нарачки

На само неколку дена пред официјалната продажба на Battlefield III, DICE објавија дека бројот на нарачани копии во предпродажба од 1,25 милиони, колку што беа предвидени е пораснат на неколку милиони. Ова значи дека дека играта уште во претпродажба доби „платинест“ статус.

Точно една недела пред продажбата беше прекината и отворената бета. Во исчекување на 25 октомври DICE на фановите им прикажаа повеќе податоци. Главна вест е дека 8.125.310 играчи ја пробале Battlefield III. Според информациите од EA DICE оваа бројка е шест  пати поголема од тестерите кои ги имаа за претходникот Bad Company 2. Од позабавните информации прикажана е бројката на испукани куршуми (47 милијарди), најодалечениот „headshot“ (635,6 метри), 19 милиони тестери „загинале“ од нож и уништени се 21 милион M-COM станици.

Со оглед на тоа дека претходникот се продаде во повеќе од 9 милиони копии, ќе треба да почекаме да видиме дали ова продолжение ќе го надмине профитот. Излегувањето на Battlefield III и Call of Duty  во иста година секако е добредојдени за љубителите на овој вид на игри. А останува и да видиме кој ќе биде морален победник по контраверзните изјави на челниците на EA: „Имате причина да бидете загрижени. Activision лани имаше 90 проценти во шутер категоријата. Годинава Battlefield III ќе ве спуши на 60 или 70. Со ова темпо за 2-3 години ќе ве избркаат од категоријата.“

Останува да видиме кој од двата издавачи ќе се покаже поуспешен и дали е можно да имаме изненадување и најдобра шутер игра годинава да биде Rage?

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top