По WhatsApp, и Viber додаде end-to-end екрипција на пораките. Платформата има околу 700 милиони корисници, и е најверојатно најпопуларниот сервис за споделување на пораки во Македнија. Како и на WhatsApp, криптирањето е овозможено за сите разговори, без разлика дали се помеѓу двајца корисници или се групни разговори. Надградбата е достапна со верзијата 6.0, и истовремено доаѓа на Android, iOS, PC и Mac. Први држави на листата на Viber за надградбата се Бразил, Белорусија, Израел и Тајланд.
Криптирањето ќе биде достапно и за гласовните и видео конверзациите, иако овие ќе доаѓаат со различно нивно на заштита. Сивото катанче значи дека сообраќајот е целосно безбеден, а црвено дека другата страна не ја поминала авторизацијата. Последниот знак е зелено катанче кое на корисниците им овозможува да побараат дополнителна авторизација.
На WhatsApp и Viber отпаѓа најголем дел од пораките, па обезбедувањето на поголема заштита за корисниците е добредојдено, иако агенциите како Федералното истражно биро нема да бидат воодушевени од промените, ниту ќе бидат спречени да ја пробијат заштитата.







