Спречете недозволено користење на микрофонот и камерата на вашиот телефон со Privacy Scanner и Access Dots

Приватноста знае да биде загрозена од сомнителни апликации кои би можеле да се вдомат во вашиот телефон и луѓето кои стојат зад нив лесно би можеле да ја „позајмат“ вашата камера и микрофон и да ѕирнат во вашата приватност.

Во случај да имате Android телефон, проверете ја апликацијата Privacy Scanner. Оваа апликација прави брзо скенирање на сите ваши апликации во телефонот за да види какви работи сте им дозволиле и дали сте дале зелено светло за користење камера, микрофон, како и пристап до SD картичката, пристап до календарот, контактите и фотографиите. Имајте во предвид дека многу апликации бараат пристап до вакви работи за да можат да функционираат онака како што се замислени, но доколку сте дале дозвола на некоја непозната, а со тоа и сомнителна апликација, можеби не е лошо целосно да ја отстраните од телефонот.

За сопствениците на направи кои имаат iOS 14, оперативниот систем на Apple сега сигнализира секојпат кога некоја апликација ќе започне со користење на вашиот микрофон, односно камера. И Android сега не дозволува тајно користење на вашиот микрофон и камера во позадина, но, знаете како викааат: сигурно си е сигурно. Поради тоа, доколку ја инсталирате апликацијата Access Dots и на Android ќе добиете слични индикатори како кај iOS секојпат кога се користи микрофон и/ или камера.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments