FBI сепак го отклучи iPhone, без помош oд Apple

Американското Федерално истражно биро (FBI) го повлече барањето за соработка до Apple, и објави дека самите ја пробиле заштитата на телефон на напаѓачот од Сан Бернандино. Засега е непознато како е oтклучен телефонот, но Apple најави дека овие податоци ќе бидат објавени. Една од можностите за отклучување на телефонот е копирање на информациите од уредот со помош на киселина и ласери, и симулирање на пробивањето на компјутер без опасност од бришење на податоците. Друга можност е прерипување на отклучувањето. Како и да е пробиена заштитата на телефонот можно е новата надградба на iOS веќе да го има поправено овој пропуст и корисниците повторно да се безбедни, а агенциите повторно да мораат да бараат нови решенија. Сепак можеби и никогаш нема да дознаеме, бидејќи FBI не мора да ги сподели податоците.

Се чини дека Едвард Сноуден беше во право дека FBI сепак не му беше неопходна помош од Apple за откривање на податоците. За потсетување, ставот на г. Сноуден беше дека експертите на агенциите можат и самите да ја пробијат заштитата на телефонот, а ова е само обид немилиот настан да се искористи за воспоставување легален преседан на кој ќе можат да се повикаат агенциите во иднина.

Ова го означува крајот на притисокот со случајот со терористот Сајед Фарук, кој уби 14 лица во Сан Бернандино во декември 2015-та. Но, борбата на Apple и FBI продолжува во повеќе судови во САД. Неодамна во судски спор во Њујорк, FBI се повика на закон стар 300 години, што предвидува судска наредба да може да биде искористена во случаи за кои не постојат законски рамки. Судот го одби првото барање, но обвинителството во овој случај поднесе жалба, јави BBC.

Едно од прашањата кои сега се поставуваат пред сопствениците на iPhone е колку се безбедни нивните податоци? Дали постои безбедносен пропуст или можеби сепак е потребна експертиза за отклучување на телефоните? Дополнително можно е и неофицијално Apple сепак да соработувал со FBI, а најверојатно најлошата опција е софтверот кој го посакуваше агенцијата за отклучување на било кој телефон сега да постои.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments