Градежниот гигант Dewalt претстави издржлив паметен телефон чија целна група се градежните работници. Според компанијата, постои побарувачка на телефони кои можат да издржат услови на работно место. Цената на уредот не е занемарлива, чини 550 долари, но купувачите добиваат телефон кој може да издржи пад од 2 метра врз бетон, но и температури од -20 до 60 степени. Групата на корисници кои сакаат поиздржливи телефони е во пораст, но сепак овие телефони нема да ги загрозат потенките телефони, кои се дизајнирани да бидат поелегантни.
Робусноста на моделите на Dewalt има една интересна предност – ќе овозможи додавање на поголема батерија, па корисниците можат да разговараат над 8 часа помеѓу полнењата. Мало изненадување е што телефонот доаѓа со QI бежично полнење. Очекувано, екранот е заштитен со Gorilla Glass, и овој пот допир на екранот може да се направи и со заштитни нараквици. Dеwalt MD501 поддржува 4G, има можност за две SIM картички и е водоотпорен.








