Спонзориран текст

Веб Фактори – 12 години успешна македонска ИТ приказна

Спонзорирано од Web Factory

во Веб, Интервјуа, ИТ.МК

Приказната за Веб Фактори почнува во 2009 од четворица инженери како најдобри другари со енормна желба да создадат различно, убаво и среќно место за работа. 

Сите четворица се со релативно различна позадина во сферата на Информатика и Компјутерско Инженерство, Телекомуникации и Компјутерски Науки, денес Тодор Панев, Михајло Штерјов, Илија Лалковски и Стефан Трајковски ја водат Веб Фактори и тимот од 80+ луѓе на нови пазари и предизвици.

Постоите од 2009 година и при вашите почетоци бевте познати како компанија што изработува мобилни апликации. Што се промени и каде сте сега како компанија? 

Тодор: Пред завршување на нашите студии се роди идеjата да го ставиме во акција нашето знаење и да пробаме да изработиме производи т.е. веб страни или e-commerce производи. Таквите беа доста популарни во околината, но сеуште ги немаше кај нас. Само што започнавме, се појави можност да учествуваме на ВИП (сегашно А1) Андроид натпревар во 2009та. Илија е еден од првите iOS програмери во Македонија кој го донесе знаењето за развој на мобилни апликации, Михајло, Стефан и јас имавме познавање од развивање на веб апликации и API, па решивме да учествуваме. Освоивме 2ро место, бевме пресреќни и решивме да ги инвестираме парите во првата канцеларија и опрема.  Се појавивме во многу медиуми, портали и во магазини, станавме популарни како Веб Факторци, тим кој прави мобилни апликации. Така некако спонтано почна приказната за четворица млади дечки кои што почнуваат сопствен ИТ бизнис на свои 21/22 години. Тогаш поставивме неколку цели што сакавме да ги оствариме. Најважно беше да се изгради место што ќе ни помогне да создаваме, да се развиваме и да го извлечеме најдоброто од нас. Место каде луѓето можат да станат подобра верзија за себе, да го постигнат својот целосен потенцијал, да ја изразат својата страст и да создаваат иновативни решенија.

Почнаа да ни се јавуваат македонски компании за изработка на мобилни апликации, подоцна и за изработка на веб решенија. Иницијално, примарната цел ни беше развој на наши продукти, како што кажав предходно, меѓутоа поради понудите кои ги добивавме во тој период, решивме да инвестираме дел од времето во изработка на решенија за други бидејќи беа многу интересни за тоа време. Многу работи беа на почеток и за многу немаше решенија, што исто така ги правеше и многу предизвикувачки. Од таму почна се, денес работиме со светски познати имиња, со клиенти на 3 континенти, иновативни и наградувани дигитални решенија од Јапонија, Канада, САД и низ Европа. Она што тогаш започна како компанија посветена на развој на мобилни апликации, денес е компанија која изработува софтверски решенија од секаков вид. Тоа беа почетоците на тим кој сега брои повеќе од 80 прекрасни луѓе и со кој сите се гордееме. 

Сега славите 12 години од Веб Фактори, а пред 2 години ја прославивте јубилејната 10 годишнина со голема забава. Какви беа впечатоците? 

Стефан: Да, сега славиме 12 години од Веб Фактори но за жал и оваа година ќе си ја прославиме на далечина. Се надеваме дека следната година ќе можеме да направиме поголема прослава како таа пред 2 години. Прославата за 10 годишнина беше извонредна, имавме преку 200 гости и беше одличен повод за пренесување на целата приказна на новите членови на тимот и на сите инволвирани во приказната Веб Фактори. Многу често не прашуваат дали пред 12 години, колку што сме на пазарот, сме биле свесни за ризикот, одговорноста и храброста која ја преземаме. Кога си 21-22 години не треба многу, време кое го имавме во изобилство, пица и кока кола за да програмираме :). Едноставно нема што да се изгуби, не треба да се грижиш за многу работи, фокусот, адреналинот и амбициите ти се тука, треба само напорна работа. Кога го работиш тоа што го сакаш, е многу лесно да се посветиш целосно и да се изгубиш во времето. Мислам дека не ни бевме свесни дека правиме нешто вака големо и во ниеден момент не осетивме дека е тешко ниту пак имавме намери да се откажеме од целта да создадеме успешна компанија со особено изразени другарски вредности. Денес сме горди на тимот, на нивната успешност, на сите соработници и пријатели кои се инволвирани во нашата приказна. Горди на признанијата од нашите клиенти, на призјнанија од магазини, весници, платформи кои само ги потврдуваат нашите квалитет и ни потврдуваат дека ги правиме правите одлуки и одиме по вистинскиот пат.

Што всушност работите, кои се вашите клиенти? Кажете ни нешто повеќе за тоа како работите со нив, и што им нудите како услуги.

Тодор: После моментот на пресврт во компанијата, каде ја проширивме нашата палета на услуги од мобилни апликации кон целосен развој на софтверски решенија, сега портфолиото на Веб Фактори вклучува 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, угостителството, забавниот сектор, банкарството како и индустријата на човечки ресурси и регрутирање. Низ 12 годишното искуство во трансформирање на идеи во ефикасни дигитални решенија, ја заслуживме довербата на 50+ клиенти од Јапонија, САД, Канада, Австралија и Европа. Нашите услуги вклучуваат решенија за дигитална трансформација преку развој на софтвер, развој на веб и мобилни апликации, UX/UI инженерство, AI/ML, дизајн на системска архитектура, стратегија и развој на производи, ИТ консалтинг, како и поддршка, сигурност за квалитет и одржување на софтвер. Визијата е да станеме партнери т.е. да бидеме CTO-то на технички и не технички компании. Светски компании да не препознаваат и да ни ја префрлаат целата нивна ИТ проблематика, од стартапи до големи и веќе естаблирани компании. Токму поради овој порив, Веб Фактори пред неколку години стана акционер во Акони, еден од нашите клиенти и денес делуваме како технолошки партнер за оваа ФинТек компанија. Веруваме дека секој бизнис треба да се посвети на тоа во што се најдобри, на бизнис целите, на идејата, на продажбата и да направат се за да успеат, а ИТ делот да го остават на компании како нашата, бидејќи ние сме најдобри во тоа.

Неодамна на Gamescom го претставивте демото од првата игра SciGirl: The Internship на која што работи вашето студио за развој на игри Синдекс (Sindex). Кажете ни повеќе.

Михајло:  Синдекс (Sindex) е всушност нашиот обид (spin-off) за правење сопствени производи. Конечно после 10+ години, беше основан во 2020 како студио за креирање свои игри како дигитални продукти. Откако работевме на неколку игри како проекти за други клиенти и го формиравме вистинскиот тим, решивме дека е време да ги раскажеме нашите приказни преку создавање на уникатни искуства кои можат да се доживеат преку нашите игри. Еден од клиентите на кои премногу им се допадна нашата идеја и презентација е и Европската Вселенска Агенција (ESA – The European Space Agency) со кои изработивме 8 едукациони игри за деца поврзани со активностите и мисиите на Европската Вселенска Агенција. Минатиот месец учествувавме на Gamescom, најголемиот саем за видео игри, како први претставници од Македонија, каде го промовиравме демото на нашата прва игра SciGirl: The Internship. Станува збор за 2D акционо-авантуристичка платформер игра, сместена во универзитетска лабораторија каде што професорот Иван и протагонистот Соња, работат на стабилизација на хемикалија со која можете да ги намалите или зголемите предметите и живата материја.

Рачно нацртаниот дизајн доловува уникатно искуство, каде играчите треба да решаваат едноставни, но предизвикувачки загатки и да се спротивстават на непријателите во потрагата на главниот лик додека таа се движи низ различните нивоа што се поделени во четири различни „света“, наносвет, микросвет, милисвет и минисвет, раскажана преку интересна приказна претставена во мешана форма на стрип и игра.

Создавањето игри, од креирањето приказна, самиот гејмплеј, развојот на играта како и пласирањето на пазарот е едно поинакво искуство. Фокусирани сме на мисијата на издавање уште игри, но и ширење на тимот, нешто ќе ни помогне во таа остварување на таа мисија. Целта ни е да го изградиме Синдекс во студио кое ќе биде дом на најдобрите таленти од Македонија на полето на развој на игри и кое ќе биде бренд на светската гејминг сцена.

Како Веб Фактори придонесува кон македонската ИТ заедницата?

Илија: Имајќи предвид дека ние започнавме како некаков тип на ИТ стартап во Македонија, и истиот тука го развивавме соочувајќи се со сите препреки и предизвици кои македониската ИТ сцена ни ги сервираше, свесни сме за болните точки на истата. Токму затоа ја воведовме редовната пракса за повеќе области во ИТ (би ги издвоиле Java, Ruby on Rails, Angular, iOS, Android, QA, DevOps) каде дедицираме по еден ментор за секој практикант. Знаеме дека за секој почетник праксата е од исклучителна важност, и затоа кај нас праксата е целосна и не дозволуваме практикантите да си одат “боси” после едно или двомесечната обука. За ова добивме оцена од тимот со 9.6/10, преку Pangea.ai како независен оценувач, дека имаме околина во која луѓето имаат можност за раст и образование.Исто така, соработуваме со техничките факултети каде доста често имаме предавачи кои на студентите им ги доближуваат секојдневните предизвици преку практични примери од работењето во оваа индустрија. Нашите Веб Факторци водејќи се од нашите вредности за слобода, одговорност, тимска работа и квалитет, споделуваат знаење од нивното искуство преку нашиот блог на технички теми кои ретко се допрени во детали. Исто така, како еден од овластените hubs за Hashcode во Македонија, го одржуваме натпреварот во нашите простории. Овластени организатори сме и за настанот Rails Girls, кој планираме повторно да го организираме во иднина. 

Пред панедмијата, редовно оганизиравме и заедничко гледање на настаните како Apple WWDC и Google I/O Extended, настани кои беа од отворен карактер, односно секој можеше да дојде и да ги следи настаните во добро друштво, пиво и пица. Уште на самите зачетоци на македонската индустријата за развој на мобилни технологии, ние ги инициравме неформалните дружења со експерти, професионалци  и ентузијасти од сферата, каде што жестоко се дискутираше за технологиите кои се користат во Македонија. Три години бевме ко-организатори на Mobile Monday, настан кој се одржуваше секој прв понеделник во месецот и на кој се дискутираа последните трендови за мобилната идустрија и апликациите. Се трудиме да ја одржиме ИТ сцената во Македонија што е можно пожива и интересна, бидејќи настани и едукативни програми се секогаш добродојдени за сите без разлика на нивните способности. 

Што е следно за Веб Фактори? Каде се гледате за 5 или 10 години?

Илија: Од наредна година веќе ќе бидеме тинејџери, и како секој тинејџер, нè очекува период на засилен раст и експанзија :)  Ова се однесува не само на нашите планови да ги прошириме тимовите, туку и да ги продлабочиме пазарите на кој делуваме. Планираме да го засилиме нашето присуство на европскиот и јапонскиот пазар преку услуги за дигитална транформација – Вештачка Интелигенција (AI). Како Веб Фактори добивме поддршка од ФИТР за развој на нашиот сектор за AI, и тоа и го сторивме. Ќе работиме на тоа да го приближиме овој свет до сите. Како што беше развојот за мобилни апликации предизвикувачки, така е овој сектор моментално. Не се знаат многу работи и немаме доволно алатки за да ги реализираме нештата. Веб Фактори ќе се посвети на приближување на областа на AI/ML кон бизнисите, едукација како истите најдобро да ги искористат и да доживеат трансформација. Сите бизниси заслужуваат втора шанса во ова дигитално време, а наша цел е да дадеме до знаење дека големи се шансите да згаснат доколку не воведат иновации и дигитални решенија.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Web Factory. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]