Adobe претстави повеќе нови функционалности како дел од Adobe MAX конференцијата. Creative Cloud софтверот на Adobe добива низа надградби базирани на вештачка интелигенција кои значително ќе ја олеснат и ќе ја забрзаат работата при обработка на фотографии.
Со оглед нa развојот на вештачка интелигенција можеби и не треба да биде никакво изненадување што функционалностите се напредни колку што се. Речиси без сомневање дел од најбавната и некреативна работа за дизајнерите е селектирање на некој објект кој треба да биде едититран. Креирањето на овие маски можеби не делуваше импресивно, но беше клучно за обработка на фотографиите. Photoshop и досега имаше неколку алатки кои го овозможуваа ова, но ниту една не ја овозможува едноставноста која сега доаѓа со вештачката интелигенција.
Корисникот ќе може со „Object Selection“ само да притисне врз објект и автоматски ќе биде селектиран целиот. Вештачката интелигенција „Sensei AI“ препознава објекти на екранот кој потоа корисникот едноставно ги одбира, ако нешто остане неселектирано може дополнително да се одбележи, објаснува Creative Blog.

Ова е еден дел од надградбите на софтверот кои ги претстави Adobe кои се базираат на вештачка интелигенција кои значително ќе ја олеснат работата на корисниците. Adobe MAX конференцијата оваа година виртуелно се одржува од 26 до 28 октомври. Сите заинтересирани може да се регистрираат и да ја гледаат во живо.







