Unusual Findings e ретро-инспирирана класична авантура

Како големи фанови на авантури, посебно мило ни беше да „налетаме“ на класичниот point and click проект на развојното студио Epic Llama Games. Силно инспирирана од авантурите од осумдесетите и деведесетите години на минатиот век, Unusual Findings успешно ве вовлекува во тогашниот период и носталгично ве шармира со одлични дијалози и паметно-осмислени загатки.

Интересна приказна, сомнителна глума и забавни гејмплеј механики

Од студиото зад Darkestville Castle!

По одличната Darkestville Castle за која нашироко пишувавме поодамна, пријатно бевме изненадени со драстичната промена на темата во Unusual Findings. Овојпат ги следиме авантурите на три тинејџери кои откриваат вонземен вселенски брод и бројни крајно-агресивни вонземјани. Од тука натаму работите заземаат траги-комичен замав со интересни пресврти и последици кои произлегуваат од вашите одлуки.

Иако Unusual Findings значително потсетува на авантурите од пред триесетина години, сепак има имплементирано интересни модерни механики. Една од нив е можноста да се менуваат работите во зависнот од одлуките кои ги донесувате. Па така, во зависност од начинот на кој ќе изберете да се одиграат одредени интеракции, ќе добиете поразлично негување на меѓусебните односи, но и уникатни начини за решавање на загатките.

Stranger Things?

Уште во првиот половина час од играњето, играта успее да ни се провлече по кожа, особено поради очигледната инспирација од култното телевизиско шоу: Stranger Things. Но, за потребите на приказната, развојното студио позајмува интересни идеи и од The Goonies и Lost Boys. Како резултат, добивате интересна, одлично реазлизирана приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Некои гејмери може лесно да се презаситат од константно бомбардирање со референци, но нам ни се допадна агресивната кампања за носталгично враќање назад во времето.

Што се однесува до самиот гејмплеј, голем дел од ситуациите се сведуваат на скокање од една на друга локација, собирање најразлични предмети, нивно комбинирање, а потоа и нивно користење во соодветна ситуација. Вака напишано, звучи сувопарно, но, во комбинација со интересни разговори и хинтови, секоја загатка добива забавна димензија. Некои од нив, меѓутоа, знаат да бидат крајно нелогични, што е и сосема очекувано за игри од ваков калибар.

Unusual Findings нема премногу локации за истражување, но она што го нуди е навистина за пофалба, како во погледот на ретро-дизајнот, така и во поглед на соодветната музичка подлога, која се менува во зависност од сцената во која се наоѓате. Преовладување на бројни и преубави визуелни елементи и динамична музичка подлога значително допринесува до здобивање уште поголема носталгична имерзија. Единствен недостаток упатуваме кон глумата која, на моменти, делува или неусогласена или пак неверодостојна. Ова никако не би требало да влијае на вашата одлука да ја проверите Unusual Findings, особено доколку сакате класични авантури.

Unusual Findings се одликува и со одлично демо!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Epic Llama Games
  • ИздаваESDigital Games
  • Жанр: класична авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 12 октомври 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments