Под лупа: Darkestville Castle е класична авантура со впечатлива нарација и предизвикувачки загатки

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Што е Darkestville Castle?

Хумористична авантура која влече огромна инспирација од класичните Point and Click авантури како Day of the Tentacle, Full Throttle или Monkey Island серијалот. Поради тоа, играта ќе биде особено ценета од носталгичните авантуристи од деведесетите години. Darkestville Castle е излезена за Steam уште во 2017 година, но дури сега доаѓа за PS4, Xbox, и Switch.

Играте со Сид, антихерој и демон кој е апсолутно пресреќен кога се работи за ковење злобни планови. Барем, се додека група платеници не му ја украдат рибата и го принудат Сид да започне неуморна потрага. Играта трае од пет до осум часа, во зависност од тоа со која брзина сте расположени да одите низ дијалозите и да ги решавате загатките. Со оглед на тоа дека се работи за класична P&C игра, вашата примарна задача ќе биде да ги истражувате преубавите локации, да стапувате во интеракција и комбинирање најразлични предмети, решавање загатки, но и бројни, долги разговори со впечатливи ликови.

Кои се Epic LLama?

Студио од Аргентина кое функционира уште од 2008 година и има работено над 50 гејминг проекти за најразлични платформи. Покрај Darkestville Castle, студиото претходно има работено на Champions Of Chaos 2 – евтина, но забавна Arena turn based RPG игра во која комбинирате десетици различни класи за да се спротиставите на бранови од непријатели.

Што мисли светот за Darkestville Castle?

На PC, играта има просечна Metascore оценка од 68, но на Switch, неодамна излезената верзија држи просечна оценка од 72 поени. GamingTrend дава на играта 85 поени и објаснува дека се воодушевени од хумористичното, полирано искуство, додека God is a Geek ѝ дава 75 поени и објаснува дека иако играта не е револуционерна, сепак нуди пријатно искуство. За 5 поени подолу, Finger Guns се задоволни од силната нарација и паметните загатки кои ја истакнуваат играта како квалитетен наслов. Интересно е тоа што дури и критичарите кои доделиле на играта најмалку поени, како Screen Rant, или DarkStation, го препознаваат квалитетот во игратата. Но, не е сè идеално и забележително е одредено незадоволство од приказната која на моменти делува неконзистентна, како и загатките кои се или слаби или нелогични.

Darkestville Castle Review - PlayStation 4 Review at PlaystationTrophies.org

Што мислиме ние?

На крајот на денот, Darkestville Castle е љубовна песна за сите оние кои се давеа во авантури во деведесетите години. Сите ограничувања на кои ние наидовме, не беа од незнаење, здодевност или желба за фаќање кратенки, туку од ограничениот буџет на студиото. И покрај ова, секој помината минута сведочи за огромна посвета на детали. Анимациите се феноменално вклопени со уметничкиот стил, бројот на предмети е огромен, како и прашањата кои можете да им ги поставувате на ликовите. Одредени загатки нè збунуваа, но аха моментот не беше многу далеку, а љубопитноста никогаш не премина во фрустрација. Верзијата која ја тестиравме беше за PS4, лесно се истражуваше светот и никако не помисливме дека глувчето би можело да биде посупериорно за ваков вид игри.

Darkestville Castle PS4 — buy online and track price history — PS Deals  Brasil

Што мислите вие?

Кажете нѝ во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

Darkestville Castle Review: A Funny Yet Illogical Point-and-Click Adventure

Развивач:  Epic LLama

Издавач: Buka Entertainment

Платформи: Microsoft Windows, Xbox One, PlayStation 4, Switch

Излезена на: 13 август 2020

Жанр: PnC авантура

Режими на игра: едно лицe

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Од студиото зад Darkestville Castle! […]