Во извонредна демонстрација на поддршка за заедницата и хуманитарна посветеност, Ways2Help иницијативата за помош на социјално загрозени семејства, стигна до донации и од над 8 милиони денари за сметки за електрична енергија и вода за да помогне на семејства и деца во потреба низ целата наша земја. Оваа значајна акција обезбедува безброј домаќинства да имаат пристап до основни услуги, создавајќи побезбедна и поздрава средина за најранливите членови на нашето општество.
“Ways2Help настана како победничко решение за како со помош на технологија може да се помогне на оние на кои им е најпотребно, особено во време на пандемијата. Самата инспирација дојде од тоа како ние го доживеавме Стартап Викенд и кои сме ние како личности, како тим, како заедница. Ние во тој настан не гледавме натпревар, хакатон или шанса да работиме на интересен проект, туку можност да се сплотиме за да направиме промена. Да се биде #Ways2helper зачи да се биде проактивен, иновативен и пред сe хуман – тоа се главните карактеристики на нашиот тим и на нашата заедница. Нашата цел беше многу поголема од тоа да ја креираме Ways2help како платформа. Имавме за цел да ја вратиме довербата и разбудиме емпатијата со идеја како да се помогне во време кога на секој му е потребна помош,” вели Моника Ризовска Таневска, ко-основач на Ways2Help.
Правење разлика со плаќање на сметка
Ways2Help е организација секогаш посветена на транспарентност во надминување на јазот за оние кои се соочуваат со финансиски тешкотии. Оваа иницијатива скоро 5 години преку постојани напори се труди да се обезбеди помош на голем број социјално загрозени семејства. Со покривање на трошоците за основните услуги, Ways2Help олеснува значителен товар за многумина, овозможувајќи им да се фокусираат на наоѓање на работа и подолгорочно решение за излез од моменталната состојба и обезбедување на други критични потреби како што се храна, здравствена заштита и образование.
“Ова постигнување не би било возможно без великодушните донации и довербата од нашите донатори, неуморните напори на нашите волонтери и непрекинатата поддршка од нашите партнерски организации. Изразуваме најдлабока благодарност до сите кои играат активна улога во реализацијата на оваа иницијатива. Вашата добрина и посветеност направија значително влијание врз животите на многумина,” додаде Ризовска Таневска.
“Ние сме неизмерно благодарни за поддршката што ја добивме од нашите донатори и волонтери. Сите придонеси ни овозможија да направиме значајна разлика во животите на над 200 социјално-загрозени семејства и деца кои имаат најголема потреба од помош,“ изјави Ариан Џумкар, кој е одговорен за акцијата Плати Сметка на Ways2Help. „Заедно, обезбедивме не само финансиско олеснување преку исплата на сметки, туку и надеж и стабилност за оние кои се во најтешка ситуација. “
Вистински приказни со вистинско влијание
Приказните од семејствата на кои им помогна |Ways2Help се и сведоштво за важноста на оваа иницијатива. Една мајка сподели, „Бев загрижена како ќе ја платам следната сметка за електрична енергија додека сум хоспитализирана и немам никој друг што може да помогне. Ways2Help помогна во моменти кои ни беа најкритични и благодарение на помошта успеавме да задржиме светлина и топлина во зимските денови. Не можам доволно да се заблагодарам за оваа помош.“

Друг случај e каде што татко на три деца, и болна мајка изјави: „Со помошта од Ways2Help, успеавме да ја задржиме водата и да обезбедиме безбедна и чиста куќа за нашите деца. Оваа помош беше од животно значење за нас.“
Донирај ранчиња и училишен прибор
Иако овој успех е значително достигнување, мисијата на Ways2Help продолжува. Организацијата останува посветена на поддршката на оние семејства кои имаат најмногу потреба за помош преку различни програми и иницијативи.
Ова лето има иницијативата повторно има акција за донација на училишен прибор и ранчиња за деца од социјално загрозени семејства. Секој што сака да се приклучи може да дознае повеќе за оваа активност на следниот линк.
Ги охрабруваме сите да ја посетат веб страната на Ways2Help за да дознаат повеќе за нивната работа и како можат да придонесат за позитивна разлика.







