Учителка од Битола е прогласена за една од најиновативните едукатори во светот

во ИТ.МК

Фондацијата Varkey Gems ја објави листата на 50-те најдобри едукатори од светот, меѓу кои се најде и Весела Богдановиќ, учителка која 12 години работи во основното училиште „Коцо Рацин“ од селото Ивањевци, Битолско, пишува Радио МОФ. Г-ѓа. Богдановиќ се најде на престижната листа бидејќи e креативна во користењето на иновативни методи и технологии во својата настава. Таа има објавено стотина YouTube и Vimeo едукативни видеа преку кои прикажува како таблет компјутери и едноставен софтвер може да ја унапреди наставата и да го привлече вниманието на децата.

Како финалист од престижната листа, за која се пријавија пет илјади наставници од 127 земји, г-ѓа. Богдановиќ ќе продолжи да се натправарува во изборот за најдобар наставник за Global Teacher Prize, која е награда од еден милион долари. Г-ѓа. Богдановиќ беше прогласена е за експерт-едукатор кој ја претставуваше Македонија и на Светскиот форум за иновативни наставници во Шпанија.

„Целата оваа приказна беше далеку од реалност за мене пред се, затоа што скоро целиот материјал што го имам како прилог, сите мои 200 едукативни филмови и работни листови, скоро се е тоа на македонски, па не се надевав дека ќе може да допре на начин на кој допира во соседните земји каде делумно разбираат и често ме канат да бидам презентер и обучувач на нивните наставници“, вели г-ѓа. Богдановиќ во интервју за Радио МОФ.

Честитки за признанието, и навиваме за главната награда!

[youtube]auqDaxkihfw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk