Работниците мора да научат нови вештини, или ќе бидат заменети со роботи

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Бројот на вработено работноспособно население во САД е на најниско ниво од 1990 година, пишува New York Times. Удел во ова има економската криза, но за дел се заслужни софистицираните алгоритми и роботи кои сега почесто ги заменуваат работниците. Пример за ова е Amazon кој наместо да вработи стотици луѓе, ангажира илјадници роботи да помагаат во стовариштвата.

„Повеќе не верувам дека автоматизацијата ќе отвори нови работни места“, вели Лоренес Х. Самерс, поранешен американски секретар за финансии, за New York Times. „Повеќе не станува збор за некоја хипотеска иднина. Ова се случува сега и пред нас“.

Дел од аналитичарите кои се согласни дека дел од сегашните работни места ќе станат „застарени“, сепак се оптимисти. Па како што денес има работни места кои не постоеле пред 100 години, за 100 години ќе има нови работни места кои не постојат сега. Автономните возила се пример за сегашните проблеми, но и идните можностите. Песимистите тврдат дека возачите ќе останат без работа, бидејќи машините ќе ги преземат нивните работни места. Оптимистите пак тврдат дека возачите ќе можат да бидат попродуктивни во времето додека возат со што ќе заработат повеќе, сепак за ова ќе биде потребно возачите да се здобијат со нови вештини.

Најпогодени професии во блиска иднина се продавачите на огласи, пилотите и агентите за продажба, вели студија на Oxford. Се поголемата автоматизираност на авионите, алгоритмите кои нудат реклами преку Google Ads ќе ги намалат потребите од човечки работници во овие области. Дури и дел од професиите за кои до неодамна се сметаше дека се „безбедни“ сега се во опасност. Сега има алгоритми кои ги заменија новинарите и пишуваат вести. Kinect на Microsoft нуди можност за корекција додека вежбате и совети за грешките кои ги правите, а до неодамна се сметаше дека личните тренери ќе бидат незаменлива професија.

„Одиме кон свет каде има се повеќе погадство и се помалку потреба од работа. Ова би требало да се добри вести, но ако само го вклучиме автоматскиот пилот не постои никаква гаранција дека ова ќе функционира“, вели Ерик Брунјолфсон од катедрата за економија на MIT, за New York Times.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments