Тwitter претстави мала, но значајна новина на профилите. Сите корисници, декстоп и мобилни, ќе можат да си стават поголема слика, налик на cover фотогорафијата на Facebook, и на својот Twitter профил. Со неа, вели Twitter, ќе може да се истакне вистинската ваша личност, иако ваквата слика најмногу ќе им користи на брендовите. Новите профили ќе стартуваат постепено за сите корисници.
Од денес можете да ја симнете најновата мобилна апликација на Twitter достана за iPad, iPhone и Android. Новините во неа се нови профили со поистакнати лични фотографии, можност да се закачуваат фотографии директно од мобилен кои се појавуваат на сите останати уреди, има стрим на фотографии од пријателите и опција за зумирање.
Друга новина е што сега корисниците нема да можат да изберат трета апликација за закачување на фотографиите како TwitPic или Twitgoo, туку ќе мора да се користи сервисот нас Twitter.










И пак не ги следи Android Design Guideines.
Fuck logic , се додека Android не станат строги ко Apple нема да се опаметат девелоперите. Заштедуваат на време , полесно им е да ископираат png копчињата од ајфон верзијата и да ги стават , наместо да имплементираат Holo
Сега пишуе само пожелно е , а да пишува задолжително е да видите као све ќе биде боље