0 коментари 2 мин. читање 19 септември, 2012

Twitter сака целосна контрола врз корисничките фотографии, нема веќе поддршка за TwitPic, yFrog и другите

Во случај да ги испуштивте вчерашните новини, Twitter наскоро ќе ја отстрани поддршката за сервисите кои хостираат слики на трети страни како што се TwitPic и yFrog. Ова не е првпат од Twitter да престанат да поддржуваат одредени сервиси и апликации и со тоа само им даваат до знаење дека сакаат да имаат целосна контрола врз информациите што се споделуваат на нивниот сервис.

Првиот коментар за оваа одлука на Twitter дојде од основачот на TwitPic кој вели дека целосно ја разбира одлуката на Twitter, но ќе беше подобро доколку имаше некој друг избор.

„Тие сакаат да ја имаат контролата врз своите апликации. Тие се компанија базирана на реклами, така ги заработуваат своите пари“, вели основачот на ТwitPic, Ноах Еверет, за BuzzFeed.

После промените и објавувањето на верзијата 1.1 на Twitter API-то и забраната за RSS, XML и Atom, го дочекавме и укинувањето на апликациите за хостирање на слики. И без разлика на тоа дека најголем процент од сликите беа хостирани на TwitPic, тоа многу не им менува на Twitter и нема да ги сопре да ги натерат корисниците се повеќе да ги користат нивните матични сервиси.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top