Корисниците на трите најголеми македонски оператори сега можат да сурфаат со супер-брз интернет. Како што беше очекувано, One се приклучи на T-Mobile и Vip, и ја стартуваше својата 4G/LTE мрежа. Но, One го стартува 4G-то првин само за USB интернет стиковите со неколку промоции, за мобилните телефони корисниците ќе треба да почекаат. (Tnx до Горјан Јовановски за забелешката)
Брзината на 4G мрежата во теорија може да достигна до 1 Gbits, иако тие брзини преку мобилна мрежа ги нема на овие простори. Во пракса се зависи од покриеноста и квалитетот на мрежата, сообраќајот кој го издржува операторот, уредот итн., па најчесто е поважно да се има стабилен интернет. Понудената 4G брзина (од тоа што го видовме и тестиравме до сега) би требало да биде доволно брза за да стрима HD видео преку мобилен. Тоа всушност е и конечната придобивка на 4G – да поттикне развој на поиновативни технологии и сервиси кои ќе можат да испорачаат високо-квалитетни содржини, пред се видео, преку мобилен телефон. Ваквите ТВ услуги не беа можни со 3G инфраструктурата во Македонија, која често не можеше да стрима аудио, но 4G мрежата ќе треба да го забрза користењето. Проблем сега на почеток е ограничената покриеност на 4G мрежите.
За да ги користите 4G мрежите ќе треба 1) да имате телефон кој поддржува LTE; 2) да земете uSIM картичка и 3) да сте на локација која е покриена со 4G мрежа.








i da ja platite smetkata :D