Дури 5 отсто од луѓето што коментираат аномнимно онлајн се тролови, вели ново истражување од онлајн платформата Livefyre. Истражувањето направено со 1.300 корисници вели дека 40 отсто од испитаниците коментирале анонимно, од кои 5 отсто ја користат анонимноста да ги малтретираат другите. Тие се анонимни на интернет, безгрижни дека некој некогаш ќе им го открие идентитетот, па се чувствуваат храбри да навредуваат и малтретираат.
Но, откривање на идентитетот не е решение, туку станува поголем проблем со интернет дискусиите, открива истражувањето. Дури 78 отсто од анонимните испитаници не би оставиле коментар доколку треба да се потпишат со вистинското име. Дополнително, анонимноста воопшто не им пречи на другите кориснции кои, 59 отсто од нив, повеќе ги ценат коментарите потпишани со лажно име, отколку тие потпишани со вистинскиот идентитет.
Според Livefyre, за да се поттикне дискусијата не мора да се бара вистинското име на корисниците. Доволно е да се постават јасни правила околу коментирањето, и да се модерира дискусијата, што ќе ги заштите другите од тролови, но и ќе ја одржи во вистинска насока.
