Три стартапи од регионот ќе учествуваат во финалето на европското натпреварување за социјални иновации. Smart Hearing Aid од Хрватска, Apiform Sit-in Beekeeping од Босна и Херцеговина и Phee од Грција се натпреваруваат заедно со други 7 европски стартапи кои беа најдобри во полуфинале во Виена. Финалето во Брисел е закажано за 25 ноември.
Сите три стартапи имаат кул производ. Хрватскиот стартап работи на паметно апаратче за слушање кое со помош на алгоритми ќе може да филтрира говор од шумот. Паметната слушалка е споена со телефон преку Bluetooth, а дел од командите овозможуваат далечина до која функционира уредот, филтрирање на шумовите, сѐ со цел подобро слушање.
Босанскиот стартап Apiform има цел да им ја олесни работата на пчеларите кои се во инвалидска количка. Со креирање на нови кошници кои можат да се отвораат од седечка положба, со пчеларство ќе можат да занимаваат не само инвалиди, туку и луѓе со проблеми со грбот, па дури и деца, велат од стартапот.
Phee има за цел намалување на загадувањето, ѓубрето и зголемување на рециклирањето со користење на алгата Posidonia Oceanica. Со создавање на биомаса од овие алги ќе се понуди гориво без намалување на минерални суровини. Phee вели дека од оваа алга може да се создава со 3Д принтање и со производи од еко-панели.
Овие проекти успешно се претставија пред 1.400 стартапи колку што вкупно беа пријавени на European Social Innovation Competition, и успеаа да се изборат за можност за учество во финалето и награда од 50.000 евра.