Германија најави истрага за пренос на корисничките податоци помеѓу Европа и САД

Image courtesy of Bundesregierung/Kugle

Германија најави дека самостојно ќе започне со истрага за префрлањата на податоците од Европа во САД, кои ги прават технолошките компании од САД. Најавата доаѓа неколку недели по стопирањето на Safe Harbour програмата која подразбираше можност за префрлање на личните податоци на сервери во САД доколку се исполнат условите на земјата од каде потекнуваат.

Први на листата за проверка вообичаено се Google и Facebook, а слично како и останатите европски држави и Германија ќе може да потпише договор со компаниите надвор од Европа за дозвола за префрлање на податоците. Германскиот пионер за заштита на податоци и слобода на информации, Јоханес Каспар, е задолжен за истрагата, јавува Ars Technica.

Сепак се чини дека единствен начин за компаниите од САД да бидат безбедни од колективни тужби во иднина, барем кога личните податоци на корисниците се во прашање е креирање на сервери за чување на податоците во Европа.

„Сите кои сакаат да останат недопрени од легални и политички импликации од осудата, би требало да размислат во иднина личните податоци да ги чуваат во Европа,“ вели г. Каспар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk