Легално е да си играте со софтверот на вашиот паметен автомобил

0 коментари 1 мин. читање

Сопствениците на паметни автомобили ќе можат да го менуваат софтверот на својот автомобил. Промените можат да бидат направени без нарушување на договорот за интелектуална сопственост, но вадење на кодот и негово продавање е забрането, пренесува BBC.

Промените во законот и дозволите се дадени од властите на САД за сервисерите да можат да го поправаат автомобилот. Ова не е добредојдена вест за производителите кои тврдат дека и без оваа можност сервисерите можат да го поправат автомобилот. „Доколку овие промени се направат, чувствителните податоци можат да бидат манипулирани, променети и дистрибуирани,“ вели претставник на General Motors.

Дополнителен проблем би можел да се појави е што неодамна Google, Volvo и Mercedes ја прифатија одговорноста за сообраќајните незгоди кои ќе бидат предизвикани од нивните возила. Доколку е овозможен пристап до софтверот надвор од овластените сервиси, можно поради нестручен сервис да биде загрозен животот на возачите и на останатите учесници во сообраќајот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед