Успехот на овој стартап се должи на тоа што позади него стојат Lumos Labs кои се компанија за когнитивно-невролошко истражување и развивање, кои креираат софтверски алатки за вежбање на мозокот. Lumosity соработува и со престижни универзитети како Стенфорд, Харвард, Карнедги Мелон и Колумбија.
Lumosity на својата страна велат дека „нивната мисија е да креираат иновативни алатки кои се базирани на неврологијата кој ќе им овозможат на луѓето да живеат подобри животи преку подобра мозочна активност и перформанси”. Поради големиот број на корисници и големата база на податоци со повеќе од 200 милиони резултати од игри Lumosity можат постојано да спроведуваат нови истражувања и да наоѓаат уште подобри и поинтересни решенија.
Игрите на страницата се навистина интересни и ги има во голем број. Откако ќе направите профил, ќе ви даде неколку едноставни тестчиња за да ја процени вашата моќ, и потоа ќе можете да продолжите со својот тренинг.
Исто така можете да ги споредите вашите резултати со на другите членови, и да си додадете некои од останатите членови како ваши пријатели. Игри има повеќе отколку можете да изиграте, и се поделени во способностите кои би сакале да ги развиете: брзина, меморија, внимание, флексибилност, решавање на проблеми.









Lumosity не е старт-ап пошто веќе 4-5 години го 'играм'. Инаку стварно е супер!
Супер текст девојче, само види имаш печатни грешки – Lumosity, Luminosity, Lumonosity…