Startup 101 е веб сајт и апликација замислени да ги обединат сите претприемачи. Во случај да и вие сакате да започнете стартап, но не сте сигурни кој е најдобриот начин за тоа, ова е интересна појдовна дестинација.
Преку кратки интересно осмислени лекции ви се пласираат корисни и клучни информации за тоа како да започнете компанија, но и како да ја подобрите веќе-постоечката.
Преку 40 лекции, 80 уникатни компоненти и над 100 стилови, Startup 101 даваат информативен увид за тоа кои се главните причини за неуспешно реализирање одлични идеи од талентирани тимови. Преку давање конкретни примери и концизни објаснувања, целата е да испливаат на површина клучните двигатели за успехот на една компанија.

Startup 101 можете да го истражувате директно од нивниот веб сајт или преку Android апликацијата. Тимот ветува нови лекции секој месец, како и имплементирање систем за комуникација помеѓу заедницата и основачите, како и алатка за ефикасно пронаоѓање и вмрежување со соодветни лица.