Започнувајќи во 2006-та година како еден мал стартап од регионот на Истра во Хрватска, компанијата за комуницски софтвер Infobip денес вреди повеќе од милијарда долари и е еден од главните столбови на хрватската технолошка сцена. Хрватскиот еднорог, чие главно седиште е во малиот град Водњан, денес има повеќе од 3,500 вработени во 70 земји ширум светот.
Извонредниот успех на оваа компанија исто така придонесе и за севкупниот развој на Хрватска во еден од главните центри за развој на стартап компаниите во Југоисточна Европа.
Скромни почетоци за првиот хрватски еднорог
Концептот што доведе до Infobip се појавува во 2001 година, откако еден од коосновачите и сегашен извршен директор, Силвио Кутиќ доаѓа до идеја за создавање на виртуелна заедница за жителите на Водњан, од каде што потекнува неговата фамилија и има традиција од повеќе од 500 години.
“Тоа беше нешто налик на CMS систем, виртуелен простор каде што жителите можеа да се претплатат и да ги добиваат информации од својата аедница преку веб-страницата на општината, како и преу електронска пошта, СМС-пораки и така натаму.“, објаснува Кутиќ во интерву за ZDNet.
Во 2006 година, Кутиќ ги имплементира овие првични идеи и го основа Infobip со почетна инвестиција од 25 илјади евра. Петнаесет години подоцна пак, компанијата која нуди разновидни клауд комуникациски услуги на бизниси, организации и телекомуникациските провајдери ширум светот, вреди повеќе од милијарда долари – статус на еднорог со кој се здоби во 2020 година.
Во моментов повеќе од една третина од вработените на Infobip се во Хрватска, која се уште е главната база на операции. Минатата недела, компанијата исто така го отвори и својот нов иновативен центар и кампус наречен Alpha Centauri, инвестиција од близу 20 милиони евра.
Според Кутиќ, целта на Infobip на долг рок е да постане лидер во една нова ера којашто ја нарекува “Интеракција 4.0“ и во кој сурфањето на интернет или преземањето мобилни апликации ќе биде заменето со „разговорна интеракција како основа на комуникацијата“.
“Разговорните кориснички интерфејси го трансформираат начинот на кој комуницираме со дигиталните услуги, што засекогаш ќе го промени начинот на кој комуницираме со светот околу нас.“ потенцира Кутиќ.
Сопствена програма за развој на хрватските стартапи
Во 2021 година Infobip исто така лансираше и сопствена програма за развој на домашната стартап сцена наречена Startup Tribe, чија цел е да идентификува домашни, но и меѓународни иновативни стартапи и да им помогне во нивниот раст и развој.
Огромниот интерес на за оваа програма резултираше со тоа што само во првите 48 часа од лансирањето, програмата прими повеќе од 100 апликации, најголем број од Хрватска, а потоа и од регионот – Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Од меѓународните стартапи пак, тука компанијата доби апликации и од земји како што се САД, Велика Британија, Шведска, Австрија итн.
Во моментов пак, програмата поддржува повеќе од 70 домашни и меѓународно стартапи. Според директорот на програмата и директор во Infobip за девелоперско искуство, Иван Буразин, инвестирањето во новите генерации и стартпи претставува една од главните цели на компанијата.
„Го гледаме Infobip Startup Tribe како стратешки и долгорочен проект, целта е оваа програма да трае вечно. Програмата е направена на тој начин што на нејзе гледаме како на глобална иницијатива за помош на стартапи ширум светот.“, објаснува Буразин.
Било да е тоа преку нудење канцелариски простор, поврзување со инвестициски фондови и акцелератори, или понуда на кредити за производите и услугите на Infobip, хрватската компанија ги користи сите можни средства за да им помогне на овие статарапи.
“Силно веруваме во ова, бидејќи инвестираме во новите генерации кои се надеваме дека ќе продолжат да враќаат на ист начин откако ќе се развијат.“, додава Буразин.
Инвестицирање во едукациски стартапи за промени во хрватскиот образовен систем
Една од главните инвестиции на Infobip е во хрватсиот стартап за едукативна роботика СТЕМИ, кој има за цел да ги заинтересира децата за технологијата додека ги учат основните инженерски и програмски вештини.
Според Кутиќ, ваквите иницијативи можат да им помогнат на младите генерации да ги добијат неопходните дигитални вештини потребни за ИТ индустријата.
„Тие се вклучуваат во проекти и учат брзо, се прилагодуваат и влегуваат во глобалната ИТ индустрија.“, вели Кутиќ. Минатата година, двете компании го имплементираа и првото издание на нивниот заеднички проект наречен „Училиште на иднината“. Во текот на шестмесечниот проект, повеќе од илјада хрватски ученици се запознаа со вештачката интелигенција преку практичната работа на изработка на ’чет-ботови’.
За извршниот директор на СТЕМИ, Марин Трошељ, целта на ваквите проекти е да се обезбеди приближување помеѓу училиштата и ИТ индустрија.
“Соработуваме со ИТ компании, го земаме знаењето и технологиите кои моментално се користат во индустријата, ги сведуваме на ниво на средно и средно училиште и ги имплементираме во училиштата во форма на STEM (Science, Technology, Engineering, and Mathematics ) програми.” вели Трошељ.
Според него, вообичано се потребни повеќе од пет години за да се направи некаква значајна промена во образовниот систем. Но како што илустрира и заедничкиот проект со Infobip кој траеше шест месеци, на овој начин учениците ги добиваат неопходните вештини и за многу пократко време.
“Ова е нашата визија за “Училиштата на иднината“ – место каде што учениците ја замислуваат иднината и ја користат технологијата за да создадат решенија за подобрување на нивната заедница.“ додава Трошељ.
Според него, подемот на Infobip исто така има потенцијал да има и огромна трансформациска улога за целата хрватска нација.
“Infobip исто така генерира уникатно знаење што го збогатува целиот екосистем – ја зголемува технологијата, организацијата, културата на компанијата и тие се многу отворени за споделување со екосистемот. Програмата Startup tribe е одличен пример за враќање на екосистемот – стартапите имаат способност да стигнат до меѓународните пазари, акцелератори, инвеститори преку Infobip и да ги користат нивните производи со цел да го развијат бизнисот и да бидат поефикасни.“ заклучува Трошељ.