Starcraft ве прави попаметни, потврди ново истражување

во Софтвер

Играњето на стратешки видео игри ве прави попаметни, велат истражувачите од Универзитетот Queen Mary и College London. Најновото истражување повторно тврди дека постои врска помеѓу играњето и подобрувањето на когнитивната приспособливост кај гејмерите. Со оглед на тоа дека една од дефинициите на интелегенцијата е „Способност за учење или разбирање и снаоѓање во нови ситуации“, резултатите покажуваат подобри резултати кај играчите на стратегии.

Интересно истражувањето е изведно со девојки гејмери. Две третини од нив играле StarCraft, а контролната група е составена од 24 девојки кои играле The Sims. Двете групи направиле психолошки тестови пред и по играњето. Резултатите по 40 часови играње, распоредени во период од 6 до 8 недели, покажуваат дека StarCraft групата има подобри резултати од групата која играше The Sims.

Резултатите од истражувањето повторно ќе се судрат со критичарите кои тврдат дека „игрите само ве прават повешти во играњето, а не влијаат на интелегенцијата“. Гејмерите пак, ќе тврдат дека одредени игри сепак ги подобруваат вештини кои се клучни во играњето. Координацијата помеѓу очите и рацете е клучна за професии како хирурзи, а станувате подобри со речиси сите игри. Музичките игри го подобруваат ритамот на играчите, а некои игри ја подобруваат визуелната интелегенција. Студијата покажува дека сепак играњето на стратегии ви помага во развивањето на конгитивната интелегенција која ја применуваме секојдневно.

Истражувањето покажува дека секојдневните обврски кои играчот ги извршува во The Sims не влијаат подобро на интелегенцијата од стратегиите. Сепак доколку помисливте дека можете да ги запоставите обврските и да се посветите на гејмањето, ниту една популарна игра нема да ви помогне да станете подобри во математика, хемија или историја.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk