0 коментари 2 мин. читање

Titanfall се сели и на мобилните направи во форма на spin-off игра

Што имаат заедничко The Witcher, The Elder Scrolls и Runescape? Ако помисливте на spin-off игра со карти, тогаш не би можеле да сте повеќе во право! Охрабрени од неверојатно-профитабилниот успех на Blizzard-овата Heartstone, Respawn Entertainment реши да заплива во таквите води и со нивното чедо – Titanfall.

titanfall-20frontline-20gra

Titanfall: Frontline е првата игра за паметни телефони која произлегува од тричленото партнерство помеѓу Nexon, Particle City и Respawn Entertainment. Играта ќе се појави за Android и iOS на есен, во бесплатна форма, но, како што е редот, со бројни микро трансакции под хаубата.

„Одликувајќи се со стотици пилоти, титани и специјални карти за еднократна употреба, командирите ќе треба да собираат и да ги надградуваат нивните единици за да направат уникатен шпил.“, објаснуваат од студиото и додаваат: „Играчите ќе можат да го градат нивниот тим според нивниот стил на играње, односно поставување пилоти и титани за нанесување брзи оштетувања или пак исцрпување на непријателите преку поставување јаки одбранбени единици, инсталации и персонал за поддршка“.

Со што ќе се изделува Titanfall: Frontline од морето слични игри? Покрај уникатниот Titanfall универзум, пресметките во играта ќе се одвиваат во реално време, а не turn-based, како што е случајот со Hearthstone или Gwent.

Доколку ова што го прочитате ви делува како нешто за што би можеле да бидете заинтересирани, дефинитивно посетете го официјалниот сајт и пре-регистрирајте се за да добиете додатни награди во моментот кога играта ќе излезе.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top