Една од најпознатите компании кога е во прашање производството на комјутерски галантерии, Logitech, е нов сопствeник на Saitek. Logitech имаат солидни гејминг компјутерски глувчиња, а Saitek ќе им помогне со останатите гејминг периферијали.
Saitek е еден од најдобрите производители на џојстици. Уредите кои ги произведуваат се речиси незаменливи во симулациите на летање. Компанијата не застанува тука, и произведува контролери за куп симулатори од вселенски симулации, до контролери за симулатори за фарми.
Ако сте љубител на Elite Dangerous или Microsoft Flight Simulator, тогаш најверојатно сте веќе сте запознати со производителот. Џојстиците од Saitek се најдобрите за овие игри.
Причина за купувањето може да се побара и во виртуелната реалност. Без сомневање симулациите како жанр ќе станат позабавни и поатрактивни наскоро. Дополнително, неколку експанзии и игри допрва ќе излезат, а не смее да се заборави и дека EVE online добива бесплатна верзија.
Logitech најави дека дел од технологијата на Saitek наското ќе биде интегрирана во Logitech G уредите. Досега Saitek беше дел од производителот на гејминг контролери Mad Catz. Цената која Logitech ја плати за компанијата е околу 30 милиони долари.







