1 коментар 1 мин. читање

Time.mk воведе персонализација, сега може вие да си ги одберете вестите

Најпопуларниот македонски агрегатор на вести, Time.mk, воведе опција да си ги персонализирате вестите кои што сакате да ги читате. Пример, ако ве интересира технологија, можете да ги изгасите сите останати непотребни политички вести и да читате само ИТ вести. Или пак, ако ве интересираат само вести за фудбал, ќе може да си го подесите Time.mk да ви ја отвара категоријата Спорт како почетна и да ви презентира вести за головите, трансфер шпекулациите и останатите новости за фудбалерите и тимовите.

Филтрирањето можеби повеќе функционира во теорија. Агрегаторот не ги филтрира целосно популарните содржини. Пример, ако наместите економија на вредност 1 и технологија на вредност 10, вие пак ќе наидете на економски вести, но тоа најверојатно се должи на бројот на вестите од посакуваните категории.

Друга персонализација е и да се избира според извор. Така политички определените ќе можат да си одберат Тime.mk да им прикажува само свои медиуми, додека тие што сакаат вистински вести ќе можат да ги изгасат политички обоените медиуми, и да си читаат нормални објективни вести.

Откако ќе го сетирате Time.mk според вашите преференци, се што треба да направите е да ги зачувате опциите. Но, не ги бришете веб колачињата т.е. веб историјата, бидејќи ќе треба да го сетирате агрегаторот повторно.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top