iPad 5 ќе биде потенок, налик на iPad Mini и ќе се појави во март

во Хардвер

Иако iPad 4 и iPad mini се на продажба помалку од два месеци, Apple веќе работи на наследниците на овие модели. Новиот iPad е најавен за март на следната година, јавува 9 to 5 mac кој вообичаено се добро информирани за уредите на Apple.

Таблет компјутерот iPad 5 ќе биде полесен и потенок, задржувајќи го 9,7-инчниот екран. Покрај ова дизајнот на новиот iPad ќе биде сличен на мини таблет компјутерот iPad mini. Според шпекулациите iPad ќе биде 4 mm понизок ,17 mm помала ширина и 2 mm потенок. Намалувањето на тежината на новите уреди ќе биде постигнато со новата„Led light bar“-технологија која овозможува екранот на iPad да се осветлува само со една „прачка“, наместо досегашните две. Намалувањето на дебелината за 2mm ќе го донесе iPad до 7,2 милиметри што во време кога останатие производители се обидуваат да стигнат до 8mm сепак изгледа нереално.

Втората генерација на iPad mini пак ќе биде „збогатена“ со Retina дисплеј со резолуција 2048х1526, која ја имаат iPad 3 и iPad 4. Покрај ова новиот iPad mini треба да биде полесен и потенок од претходникот. Зголемувањето на резолуцијата на iPad mini  се најавува речиси по излегувањето на таблет компјутерот.

Доколку се покажат точни информациите, ова ќе биде прв пат Apple да излезе со две итерации на уредите во волку кус рок. Зголемената конкуренција од Android, но и Windows 8 таблет компјутерите можеби ќе го принуди гигантот и во иднина да го скуси периодот помеѓу излегувањата на два модели од нивните производи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments