Time.mk, во соработка со Web Factory, претстави мобилна апликација за Настани која е „е ваш персонализиран џебен консултант кој во чекор ве следи и информира за градските настани.“
Настани на Time.mk беше стартувани пред два месеца и е сервис кој ги агрегира сите настани од разни градови, нешто слично како што го прави тоа со вестите само што корисниците сами ќе мора да си додаваат настани.
Сега со мобилните апликации Настани ќе може да ја искористи локацијата за да истакне настани блиску до корисникот.
„Има два фантастични типа – мапирајќи ја вашата локација, можете да ги прегледате сите настани околу вас и да добиете потсетник во вид на нотификација којa ќе ви излезе 1 час пред почетокот на вашиот омилен настан.“
Објавена е само Android верзијата, но основачот на Time.mk, Игор Трајковски, во твит најави дека ќе има и iPhone верзија. Можеби е потребно време од Apple да ја одобрат апликацијата. Android Market не прави проверка на апликацијата пред да се провери.
*Oбјавена е и iPhone верзијата. Тука ќе го најдете линкот до iTunes.


Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.