Google Zeitgeist: Како светот пребаруваше во 2011

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Google го објави извештајот за најпопуларните пребарувања за 2011-та година. Zeitgeist ги прикажува сите трендови и популарните термини кои ги заинтересираа луѓето во текот на годинава во минување.

За жал, тоа што на светот му беше најинтересно е девојката со најлошата песна на сите времиња. Ребека Блек е најбрзо растечкиот термин глобално. Таа е следена од Google+, од новата друштвена мрежа на Google. На трето место е смртта на Рајан Дун од Jackass, па мајката која излезе дека е невина откако беше осудена за убиството на својата ќерка Кејси Антони. Тие се следени од играта Battlefield 3, iPhone 5, музичарката Адел, јапонската нуклеарна централа Фукишима, па смртта на Стив Џобс и на десето место е iPad 2.

„Од локални ѕвезди во Финска до сингапурци кои бараат вести за револуцијата во Египет и и Либија одалечени со половина свет, луѓето се свртуваат кон Google да научат повеќе од тоа што се случува на светската сцена.“, се вели во .

Google има и статистика на најпопуларните пребарувања според земји, меѓутоа ја нема Македонија. Најблиску ја има Србија, но тие статистики покажуваат локални термини кои не значат ништо во Македонија.

[youtube]SAIEamakLoY[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments