7 коментари 1 мин. читање

Time.mk ја отвори архивата на македонските медиуми од 2000 до 2012 година

Time.mk, најпосетуваниот македонски веб агрегатор на вести, од денес во функција ја пушта својата нова опција преку која ќе може посетителите да ја пребаруваат архивата на македонските медиуми. Архивата на македонските онлајн медиуми е достапна преку time.mk/arhiva/.

Откако ќе го впишете вашиот клучен збор за пребарување, ќе бидете пренасочени на страница која ги содржи сите вести поврзани со тој клучен збор, а истите можете да ги филтрирате според извор и период. Резултатите можете да ги сортирате временски, односно од најскоро објавени до најстари, или обратно. Исто така, на таа страница можете да го видите и бројот на агрегирани вести од дел од медиумите во Македонија, како и од која година датираат нивните статии.

Уште еден начин на кој можете да пребарувате содржина е со графички приказ, преку кој можете да видите точно колку вести поврзани со вашиот термин се објавени на одреден ден и брзо да пристапите до сите статии објавени од тој ден.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top