Facebook тестира можност за одговарање на коментарите

Facebook веќе некој период тестира можноста за одговарање на коментари. Така коментирањето ќе добие некаков налик на форум, но и ќе биде од голема помош доколку се развие дискусија. А исто така, директно ќе се знае за кој коментар се однесува одреден одговор.

„Ние тестираме нов начин за коментирање на објавите на Facebook. Од сега ќе може да одговарате на други коментари, како и на оригиналната објава“, вели Мередит Чин за Mashable.

Покрај тоа, од Facebook тестираат и аудио известување. Па така, доколку сте настрана од вашиот компјутер или таблет, а некој ви коментира на статусот, вие ќе добиете звучна сигнализација дека имате ново известување. Дали и вие сте еден од тие на кои им е овозможена оваа опција, можете да проверите преку „Account Settings“.

[youtube]Oy1jW9M3ZRk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments