0 коментари 2 мин. читање 12 ноември, 2012

Uber, приватниот возач за сите, стартува и во трет европски град

Амстердам е третиот град во Европа во кој Uber ќе ја тестира својата услуга. Во моментов сите жители на главниот град на Холандија кој ја имаат апликацијата на својот паметен телефон, можат да добијаат ненадајна понуда за бесплатна услуга.

Uber e стартап кој издава луксузни возила за превоз на своите клиенти: Mercedes S Audi A8 или BMW 7. Апликацијата за паметни телефони е еден вид приватен возач. Преку апликацијата корисниците ја праќаат локацијата, по што возачот доаѓа да го одвезе корисникот до посакуваната локација. По пристигнувањето, корисникот го „оценува“ возачот, а наплатата се врши преку сметка која е доставена до Uber, што овозможува да се возат и ако го заборават паричник.

Во моментов Uber е во фаза на разгранување на својата услуга во Европа, па по Париз и Лондон сега на ред дојде Амстердам. За сега компанијата ја оптимизира својата услуга во градот со цел за најефикасна и најдобра услуга за своите клиенти.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top