99 коментари 2 мин. читање

Тime.mk го возвраќа ударот: Линковите се јавна сопственост

Oткако се отрки и дека Утрински весник, Дневник и Вест ќе им се придружат на другите .мк медиуми и ќе се повлечат од Time.mk од кој бараа паричен надоместок, агрегаторот го смени начинот на работа и реши да ги објави медиумите повторно.

Во блог пост, основачот на Time.mk, Игор Трајковски, објаснува дека најпопуларниот .мк сајт ќе продолжи да им ја агрегира содржината, но овој пат тоа ќе го прави само со линк и наслов. Линковите ќе бидат собирани рачно т.е. од самите читатели на Time.mk кои ќе ги испраќаат на имејл [email protected].

„Иако законот за авторско право не е експлицитен во однос на оваа проблематика, решивме да го почитуваме нивното барањето, така да одсега нема да се прикажуваат кратки делови од нивната содржина (до 180 букви) и мала слика (80 пиксели), туку ќе се прикажуваат само јавно достапните линкови кон нивните страници. Линкови кои можат да се најдат на сите социјални мрежи, блогови, комерцијални сајтови и други локации на интернет.“

Според него, линковите се јавна сопственост и фундаментален темел врз кој почива интернетот.

„Правото на референцирање е фундаментално право на говор и основа за било каква дискусија. Право на секој поединец или фирма е да креира, користи и дистрибуира линкови до било каква легална содржина на интернет. Тоа се патоказите до содржината која го креира општественото мислење. Наше (како граѓани) фундаментално право е демократски да ги бираме и користиме патоказите по кои ќе се движиме.“

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

99 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top