0 коментари 2 мин. читање 15 февруари, 2012

Бугарија нема да ја одобри ACTA се додека не види јасен став од ЕУ

Бугарија се повлече од одобрување на контроверзниот трговски договор АCTA. Како Германија, Полска и Холандија, и Бугарија реши да почека се додека не се види јасен и единствен став ширум Европската унија за дали да се прифати договорот.

Контроверзната ACTA предизвика многу незадоволство меѓу интернет корисниците кои на 11 февруари излегоа на протести во неколку европски земји. Многумина стравуваат дека договорот, потпишан од 22 европски земји, ЕУ, САД и други, ќе воведе построги казни за пиратите и ќе ги натера интернет провајдерите да ја набљудуваат интернет комуникацијата, што би можело да доведе до цензура и успорување на иновативните веб решенија.

„Јас сум песимист кога се работи за регулирање на индустрија, која не се адаптирала на дигиталната ера, преку санкции наместо според пазарни мерки.“, вели бугарскиот министер за економија Трајчо Трајков за Bloomberg.

Г. Трајков вели дека „авторските права не смеат да бидат ставени пред човековите права“. Според него, Бугарија нема да размислува за имплементирање на ACTA се додека не види дека во цела Европа има еден единствен став околу договорот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top