1 коментар 1 мин. читање

Photoshop CS6 доби нова моќна алатка која е „свесна“ за содржината

Во последно време, како се приблужуваме до официјалното одкривање на Photoshop CS6, што би требало да се случи во мај, добиваме се повеќе информации за новитетите во Photoshop CS6, често пати во форма на YouTube видеа што се поставени на нивниот YouTube канал.

Алатката која е свесна за содржината воведена во CS5, ја анализира останатата содржина на фотографијата, за да го пополни просторот што ќе остане одкако ќе избришете некој елемент од фотографијата. Во CS6 се претставува Content aware move алатката со која дури ќе можете да селектирате од каде сакате да превзема примерок за да се пополни простор.

Но, сега во одредени случаи ќе можете едноставно и лесно да преместите цели објекти на фотографиите, без многу прецизна селекција, а CS6 ќе се погрижи транзицијата на објектот да се вклопи правилно во новото место кое ќе одредите.

[youtube]UrlsnQ32YhY[/youtube]

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top