Колку е дигитализиран процесот за аплицирање во студентски дом во Македонија?

Студентските денови се едни од најдинамичните, а воедно и најубавите денови на секој студент. Но, кога станува збор за студентскиот живот и студентскиот стандард во Македонија, искуствата и не се баш сјајни.

Студентскиот живот во Македонија е неславно познат и по огромната бирократија низ високо-образовните институции низ нашата држава и популарните реченици: “Ти фали една потврда”, “Дојди во понеделник”.

Секој еден кој бил студент или моментално е студент има поминато часови низ ходниците и шалтерите на својот факултет за да заврши одредена бирократска работа, која што би требало да биде сведена на неколку клика, со оглед на достапната технологија во денешно време.

Како и сѐ друго, така и студентските патувања во најголем дел се одвиваат во Скопје. За сите студенти кои што доаѓаат од внатрешноста на Македонија, еден од поголемите предизвици е наоѓањето на соодветен смештај за време на студирањето. Студентските домови несомнено се најизводливата варијанта, но колку условите во нив се задоволителни е сосема друга широка тема во која нема да навлегуваме сега.

Годинава, битката за студентско легло ќе биде уште поголема, бидејќи и студентскио дом “Стив Наумов” нема да работи, а пак студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” се реновира веќе неколку години.

Колку бирократија има во процесот за аплицирање во студентски дом, колку овој процес е дигитализиран, кои се позитивните, а кои се негативните страни?

Најпрвин, процесот на аплицирање започнува кога Министерството за образование и наука ќе го објави конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови во Македонија.

На сајтот, мошне добро се опишани условите за прием, начинот на кој се сместуваат студентите, целиот процес на аплицирање и потребната документација, а рокот за аплицирање е околу 2 недели, односно од 15.07 до 31.07

На сајтот се напишани сите потребни документи за аплицирање, а првиот чекор е собирањето на сите документи.

Понатаму, студентските служби од многу државни факултети немаат опција за испраќање на потребните документи по електронска пошта. Зборуваме за дигитализација на високото образование, а сѐ уште е потребно да се оди до студентска служба за да се подигне еден документ. Доколку сте студент од внатрешноста, ова ќе ви одземе без малку цел ден.

Откако ќе се соберат сите потребни документи, потребна е регистрација на системот http://e-uslugi.mon.gov.mk/ и потоа да аплицирање на конкурсот.

Откако ќе се пополнат личните податоци на кандидатот, се избира прва и втора опција на студентски дом, а следниот чекор е прикачување потребните документи.

По внесувањето на сите потребни документи, финално се кликнува на копчето аплицирај.

Генерално, процесот на аплицирање за студентски дом е дигитализиран и откако ќе се соберат сите потребни документи, потребни се дваесетина минути за аплицирање. Но, треба да се напомене дека и понатаму има голем простор за дигитализирање на процесот на добивањето на одредени документи од надлежните институции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments