Тестирајте ја Еxcubitor, македонската игра која доби 30.000 евра инвестиција

Еxcubitor, игра на македонското студио Tesseract Interactive кое започна како хоби, а се претвори во стартап во која се инвестирани 30.000 евра, сега е достапна да се симне и тестира. Играта е top down shooter кој тежи 500MB и иако е во алфа ваза и далеку од конечната верзија, изгледа одлично и е забавна за играње.

Засега Еxcubitor ќе остане PC игра, вели Иван Ивановски од Tesseract Interactive кои од Софија, каде беа поради соработката со акселераторот LAUNCHub, сега се префрлија да работат во Скопје за да ги намалат трошоците. Видеоиграта ќе се дистрибиура преку Steam, но не се знае дали ќе ја објават самостојна, или под издавач. Веќе имаат неколку понуди за издавање, а имаат и понуда да имплементираат поддршка за виртуелната реалност на Oculus Rift.

„Сакаме да одиме на Steam Greenlight и да ја продаваме играта за ран пристап. Можеби ќе одиме и на Desura во алфа програмата за дистрибуција. Размислуваме и за Kickstarer и Indiegogo кампањи за краудфандинг на играта“, вели Иван.

Ако се покаже како успешна на PC, играта ќе биде префрлена и на мобилните платформи, што, според нас е пологично решение бидејќи играта функционира беспрекорно на постар компјутер, и има гејмплеј кој може да се игра на мобилен телефон или таблет компјутер. Но, Иван објаснува дека треба многу работа за да се префрли играта бидејќи ќе треба да се направат од поново сите модели и да се оптимизира играта и гејмплејот за екраните на допир.

[youtube]X0nZpu4CnK8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Jovan Nashkov
10 years ago

Ке има ли Линукс верзија, барем ан оваа платформа играта ќе може да добие публицитет повеќе.

Jovan Nashkov
10 years ago
Reply to  Jovan Nashkov

Супер (постирав без да го отворам линкот) :)

Dejan Stanojevic
10 years ago

Интересна игра. Имаше порано игра Hell-Copter која беше у овој стил, затоа и нашава ми се допаѓа.

Како дизајнер на point and click авантури од Rainbow Entertainment, ми се допаѓа што и во Македонија се развиваат игри за компјутер.

Само напред!