Протести на подржувачи на интернет неутралноста и реклами поставени низ Вашингтон ги пречекаа членовите на Федералната комисија за комуникација (FCC) кoja се подготвува да го даде својот конечен став по ова прашање. Додека петте члена на FCC ги разгледуваат последните мислења пред презентирањето на предлогот на јавноста, ко-основачот на Reddit, Алексис Оханиан, побара помош од интернет заедницата да ја одбрани интернет неутралноста. Без интернет неутралност, моќта на контрола на интернетот ќе биде во рацете на операторите кои ќе одлучуваат кој сервис заслужува побрз пристап.
„Ќе ја убијат идејата за интернет неутралноста и ќе ја заменат со кабел-зирана верзија која ќе чини повеќе за корисниците, ќе овозможи дискриминација на сервисите кои го користат Интернет и конечно ќе биде се потешко да се пристапи на работите кои ги користиме секојдневно“, вели г. Оханиан.
Билбордите кои ја објаснуваат интернет неутралноста се поставени на 30 автобуски станици во Вашингтон, и се финансирани преку краудфундинг сервисот Crowdtilt на кој се собрани 21.100 долари. Кампањата се води и на друштвените мрежи. FCC одржи „разговор“ во живо на Twitter и иако вообичаено овие разговори не водат никаде, овој пат беа поставени навистина добри прашања. Пример, едно од нив е дали приоритизацијата воопшто треба да биде веднаш забранета. Покрај ова членови на FCC излегоа и се сретнаа со дел од демонстраните и им објаснија дека ќе биде отворен канал за комуникација со сите заинтересирани.
[youtube]8_o8MDw1WQg[/youtube]








