Internet Machine е филм на визуелниот артист Тимо Арнал кој влезе во шпанскиот телеком Telefónica да го презентира вистинскиот облак, поточно материјалниот и физичкиот дел на дигиталните податоци. Облакот за просечниот корисник е место некаде на Веб каде што се складираат неговите фотографии и фајлови, но во реалноста, тоа место е многу покомплексно. Филмот е снимен со комбинирање на видео и фотографии со помош на панорамска глава и Canon 5D Mk III. Видеото е снимено со Magic Lantern RAW модул, а фотографиите се обработени во Lightroom и споени со Hugin и Photoshop. Филмот игра во Центарот за современа уметност во Барселона, проекцијата е на три платна кои го обиколуваат гледачот.
„Во овој филм сакав да погледнам над детското поимање на облакот да го откријам изгледот на инфраструктурата на Интернет. Ми изгледаше важно да ја видам и слушнам енергијата која ги напојува овие машини и нивната поврзанот со системите за сигурност, ладење и одржување“, вели Тимо Арнал.