Tesla Motors ќе постави свој таканаречен „supercharger” за електрични автомобили во Скопје во 2016-та година. Планот на компанијата, кој може да се види на нивниот сајт, е во следните две години да го покријат целиот Балкан со првите суперполначи.
Електричните автомобили на Tesla, поточно Tesla Model S, може без проблем да помине неколку стотици километри за да стигне до полнач. Но, ако имате Tesla во Македонија ќе треба да го полните само дома и тоа за неколку часа. Суперполначите го полнат автомобилот за околу 30-тина минути, но најблискиот во моментов е дури во Словенија. Планот е во 2015-та година да се постават полничи во Хрватска, Србија, Бугарија и Турција, а по две години и во Македонија, Босна и Албанија. Во некои од овие земји веќе има електрични полначи како дел од европската Civitas Dyn@mo програма со која се мотивира возењето електрични возила, забележува Digjitale.com.
Неодамна во Македонија помина конвој од електрични автомобили кој појде од Хрватска, со цел да покаже дека има ентузијасти кои би возеле електрични автомобили, но и да ги тестираат автомобилите за нивната издржливост на балканските патишта. Се покажа дека автомобилите се одлично направени, но најголемиот продизвик сепак беше да се најдат полначи.
Интересно, ако побарате „Macedonia“ на сајтот на Tesla ќе добиете информации дека „во земјата нема субвенции за електрични автомобили, и компанијата работи тоа да се смени“. Веќе неколку европски земји, предводени од Норвешка и Велика Британија, се решија да ги ослободат електричните автомобили од давачки бидејќи еколошката придобивка е очигледна.
Tesla Motors Sizzle Reel from Tesla Motors on Vimeo.








