0 коментари 2 мин. читање 23 февруари, 2015

YouTube само за деца; сервисот не сака да му избегаат младите гледачи

YouTube ќе објави нова апликација наменета за децата преку која ќе прикажува соодветна содржина, и ќе има контрола за родителите. Апликацијата ќе биде одделена од главниот YouTube сервис и за почеток ќе стартува само во САД, но најавено е и нејзино проширување за подоцна, објави USA Today.

YouTube Kids ќе има алатки со кои на родителите ќе им овозможи да ги одбираат содржините кои нивните деца ќе можат да ги гледаат. Одбирањето на содржини ќе зависи од дозволата за некои од корисниците кои ги објавуваат содржините на YouTube. Дополнително апликацијата ќе овозможи лимитирање на времето кое децата го поминуваат на YouTube, како и поделба на содржините во четири категории Shows, Music, Learning и Explore, а постои и функција која ќе го деактивира пребарувањето. Апликацијата е бесплатна, но ќе биде достапна единствено на Android уредите.

„Имаме пораст од 50 отсто секоја година на времето поминато во гледање видео на YouTube, но за фамилијарните канали овој пораст е 200 отсто. Родителите постојано бараат од нас да го направиме YouTube подобро место за децата“, вели Шимрит Бен-Јар, продукт менаџер на YouTube Kids.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top