Techtion – Алатка со технички прашања за интервју, од 7 технички области

во feature, ИТ.МК

Македонскиот стартап Адева, лансираше алатка наречена Techtion, која се состои од листа со близу 200 технички прашања за интервју од 7 различни области од ИТ индустријата, и тоа: PHP, JavaScript, Android, iOS, Git, Python и Java.

Креаторите споделуваат дека зад формирањето на оваа алатка, сведочи нивното искуство од низа интервјуа и предизвици на регрутирање со кои што се соочува секој стартап на почетокот од своето работење. Сметаат дека овој сет на прашања ќе помогне на стартапи кои што работат во ИТ индустријата, а воедно ќе им понуди солидна основа на девелоперите за подобро да се спремат за нивното наредно интервју.

Моментално, овој продукт се натпреварува на платформата ProductHunt за пласман во топ 5-те места во категоријата ‘продукт на денот’, па креаторите повикуваат на поддршка од македонската ИТ заедница.

Ако сакате да ги поддржите, сѐ што треба да направите е да го оставите вашиот глас на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments