ИТ Кариера профил е серијал преку кој ќе ја претставиме ИТ заедницата, начинот на работење, функционирање и динамиката на луѓето во ИТ секторот.
1. Што работиш моментално и кои се твоите одговорности?
Освен моите одговорности како програмер и создавање код за продуктите, тука вклучува и документација, developer reviews, автоматизирано тестирање, планови за наредни sprint-ови, запознавање на тимот со бизнисот и нивните продукти како и споделување на стекнатото знаење со тимот. Во било кој момент, се наоѓам во различни фази од Software Development и тоа го прави целото искуство предизвик.
Моментално работам на еден од најголемите решенија во денталната индустрија на светско ниво. Актуелна тема е GDPR која вклучува анализа на самиот продукт според регулативите како и нивна имплементација. На кратко, сакаме да ја зголемиме транспарентноста на нашите податоци како секојдневни корисници во софтверските системи со помош на технологиите и алатките кои ни го овозможуваат истото.
2. Прати ни фотографија од твојата работна средина (без средување 😃)
3. Од каде научи да програмираш – факс, курсеви, или учење на своја рака?
Програмирањето го започнав во СУГС Георги Димитров кога класната професорка ми даде да решавам математички задачи во C++ програмскиот јазик. Не знаев што да очекувам, но ми беше мило што ми помогна да ја поврзам математиката со самиот компјутер, кој го користев само за гејминг.
Подоцна ФЕИТ и ФИНКИ ми помогнаа, но само за основите со неколку програмски јазици. Не ми се допадна ограниченостa од самата настава, и на свое почнав да читам книги како Clean Code, Code Complete, The Art of Unit Testing, The Annotated Turing и други кои ми помогнаа да разберам дека доколку сакаме да ги разбереме технологиите и алатките што ги користиме, мора да ја знаеме историјата и концептите од основачите кои биле попаметни од нас пред 40 години. Сите овие концепти ги надоврзав кога почнав да читам код на GitHub каде почесто и почесто ги забележував овие концепти.
4. Кои се 5-те сајтови кои најмногу ги посетуваш?
- GitHub – последниве години Microsoft е комплетно open-source, така да има што да се следи
- Discourse – секое community има некој форум и многу ми се допаѓа да споделувам на нив
- Reddit – столбот на интернетот
- Visual Studio Team Services– алатка за workflow на софтвер
- YouTube– следам LinusTechTips, гејминг и хардверски channels
5. Кој е твојот омилен technology stack?
6. Омилена алатка/софтвер?
Visual Studio + ReSharper за кодирање, Sublime Text како notepad/editor, Slack за комуникација, Spotify за музика
7. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за оние кои сакаат да започнат со програмирање
За секој е различно, но се започнува со љубопитност и време. Секој ден поминете барем 20-30 минути со некоја кул алатка/јазик која што светот ја користи. Ако заглавите, сигурно некој, некаде има напишано туторијал да ти го доближи моментот “Што е ова, и како ми помага?”.
После тоа, пробајте нешто да искодирате од вашите хобиа. Јас гејмам Дота 2 и искуцав Versus симулатор со неколку херои во C# кој беше далеку од чист код, но ме научи да се соочам со секојдневни предизвици од алатките кога почнуваш да правиш нешто “custom”.
8. Напиши ни неколку мудри зборови како совет за твоите колеги во индустријата
Експериментирај, сподели, задржи отворен ум при feedback. It’s not about you, but the future we can create together
Секој ден работиме во овој виртуелен свет и нашите мисли се врзуваат со нашите емоции. Колку повеќе експериментираме, толку стануваме сигурни за нашето знаење. Тоа ни дава самоувереност да споделиме и да имаме жестоки дискусии за одредена тематика со цел да создадеме подобар живот за нашата заедница, која расте брзо, но не доволно брзо за да ги задоволи потребите на светот.
9. Доврши ја реченицава: Иднината на програмирањето е во вештачката интелигенција. Соочени сме со неизбежното, дека машините ќе го забрзаат развојот на софтвер и ќе не заменат со автоматизација на шаблоните што ги повторуваме секој ден.