Tankhead e забавен roguelite со возила

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Зошто да ја играте Tankhead?

  • Впечатливи и невообичаени битки со тенкови
  • Забавна имлементација на roguelite формулата
  • Преубав sci-fi постапокалиптичен свет со забавен лор

Tankhead e игра која успеа пријатно да не изненади. До пред некој ден, не бевме слушнале за чедото на Alpha Channel Inc. Се работи за квалитетно изработен roguelite каде што правите и управувате со флексибилно и крајно деструктивно возило. На самиот старт играте со мал, навидум беспомошен робот кој се чини дека е добар само за лебдење и исфрлање лошо-одглумени линии текст. За брзо време, вашата „свест“ ќе ја префрлите во друг робот со кој ќе можете полека, но сигурно да го доправите вашето возило. Имено, во Tankhead ќе можете да кревате, носите и поставувате најразлични делови, како гуми, мотори, оружја и слично. Откако ќе го преуредите возилото според моментните можности, ќе можете да го управувате. Тука, играта навистина сјае.

По првично навикнување на контролите, ве очекува одлично управувување со возилото. Како покорни слуги, дрвјата потпаѓаат на вашето брутално напредување, прикажувајќи ве како пркосна машина на деструкција. На располагање имате и арсенал од примарни и второстепени оружја. Секундарните оружја се одликуваат со посебни куршуми. Внимавајте како ги трошите затоа што во моментот кога состојбата со муницијата дојде на нула, второстепеното оружје се отстранува од возилото.

Немање доволно муницијата е реален проблем во Tankhead и потребен е одредено економичен поглед и бескомпромисно штедење. Сите оштетувања на возилото можете да ги поправате така што собирате ресурси од екстра делови кои ги кршите. И тука треба да внимавате и да ги приоретизирање што да поправате, какви екстра делови да носите со вас, и слично. Од одредени места ќе може и да купувате оружја, опрема и делови. Како и муницијата и деловите, така е и со парите – секогаш немате доволно, што не е премногу лошо. Имено, Tankhead не е игра со Рамбо менталитет.

Секоја од мисиите знае да понуди доволно предизвик, нудејќи и примарни и секундарни мисии, се со цел ем да се забавите повеќе ем да извлечете поголеми награди. Непријателските возила се интересно дизајнирани. Секое од нив се одликува со различни оружја и начини на движење, принудувајќи ве да импровизирате и да напаѓате во движење. Вашите напади може да оштетат или уништат одредени нивни делови. Во зависност од функцијата на уништениот дел, непријателските возила нема да може да се движат или да ве напаѓаат. Обично, зад одредени оклопи се кријат слабите точки. Во кој било момент, вашиот мини робот, може да излезе од возилото, да прошета, присобере делови или ресурси, да направи одредени поправки/ замени/ надградби и да продолжи понатаму.

Имаме измешани реакции за приказната и глумата. Се чини дека дијалозите се напишани како за вистински луѓе, но се одглумени на роботски начин. Не ни се премногу допадна ваквото нешто, особено кога нешто емотивно или лично е само монотоно и без врска прочитано. Но, има интересен и невообичаен лор, така да доколку сте sci-fi ентузијасти би можелa да ви се допадне клучната идеја зад приказната. Како што и напоменавме, огромните светови се одлично дизајнирани и успеваат да понудат впечатливи места за истражување и пресметки. Tankhead навистина не е лоша игра, особено доколку сакате акциони roguelitе игри со возила.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Alpha Channel Inc
  • Издава: Alpha Channel Inc
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments