Guild Wars 2 ја најави четвртата експанзија

Како гром од ведро небо, ArenaNet денеска ја најавија нивната четврта експанзија. Насловена како Secrets of the Obscure, експанзијата ќе ви наметне предизвик при откривање нови тајни кои лежат зад вистината за магичната кула и кое е вистинското место во космосот за Тириа.

Трејлерот и описот можеби делуваат мистериозни, но не и бројните вести кои ги открија девелоперите за најновата експанзија. Имено, Secrects of the Obscure излегува на 22 август и носи две дополнителни Mastery надградби кои ќе ви помогнат полесно да ловите, но и да затворате процепи низ Тириа.

Едно од најдобрите и најуникатните животни за јавање, Skyscale, ќе биде отклучено за сите, а и дополнително ќе може да се надгадува со нови огнени напади, користење ветрови леј линии, и слично. Паралелно со оваа, ќе следи и четврта серија од надградби по излегување на експанзијата.

Огромни промени ќе дојдат и во поглед на тоа како се одвиваат битките. Оружјата за елитните специјализации ќе станат дел од нормалниот арсенал и слободно ќе можат да се користат, дури и да не ја имате изберено соодветната специјализација. Дополнително, ќе бидат воведени нови комбинации од оружја, а руните ќе бидат целосно преработени и ќе нудат шести бонус.

Со Secrects of the Obscure конечно ќе дојде и нешто што долго време го бараше заедницата, а тоа е можност да отклучите легендарен оклоп преку активности од отворениот свет, а не преку тешко инвестирање во рејдови и искуства од натпреварувачки карактер. Овој оклоп ќе може да се направи по излегување на експанзијата.

Во меѓувреме, ќе имате можности за нови дневни, неделни и месечни цели кои ќе треба да ги остварите за да добивате нова валута со која купувате ретки работи. Некои од работите ќе бидат и уникатни скинови кои биле дел од продавницата.

Покрај две целосно нови мапи за истражување, Secrects of the Obscure ќе донесе и две нови страјк мисии и еден фрактал.

Од 29 јуни до 2 јули, заинтересираните гејмери ќе можат да видат како изгледа Weaponmaster тренирањето така што ќе креираат бета лик со кој може да проверат дел од промените.

Играта веќе е достапна за преднарачка од официјалниот сајт!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments