CES – речиси 60 години поглед во иднината

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Следната недела од 7 до 11 јануари во Лас Вегас се одржува можеби и најголемиот саем со фокус на апарати и електроника во светот. Секако зборуваме за CES, саем кој се одржува од 1967 година. Настанот го одбележува почетокот на годината за ентузијастите и љубителите на електроника и апарати. Производителите на CES ги претставуваат своите најнови уреди, но и хардвер кој ќе биде достапен во следните години.

На првиот настан во 1967 година посетителите на CES можеа да ги видат првите џебни радија и телевизори со интегрални кола. Нешто повеќе од 50 години подоцна, посетителите на CES, овој пат во Лас Вегас, може да ги видат првите уреди со вештачка интелигенција.

Кратка ретроспектива на уреди на CES

Во своето речиси 60 годишно постоење на CES беа преставени некои од најголемите иновации на своето време. Еве како изгледаа некои од најинтересните уреди:  

Почетоци на CES – од 1967 до 1990 година

Видео рекордери: На CES започна или барем беше најавен подемот на домашно снимање видео кој ја револуционизира забавата. Првиот видеорекордер го претстави Philips во 1970 година.

CD плеери: Компактните дискови донесоа аудио со висок квалитет кој подоцна стана достапен за сите. Во 1981 година Sony и Philips го преставија првиот CD плеер.

Персонални компјутери: CES ја најави ерата на персонални компјутери и препознатливи брендови како IBM PC. Вo 1970 година Atari ги претстави Atari 400 и 800, а за прв пат се појави и Бил Гејтс.

By Evan-Amos – Own work, Public Domain

Конзоли за гејминг: Во 80-тите CES ја најави ерата на гејминг конзолите. Во 1985 година Nintendo за прв пат го претстави NES. Во 88-ма година на настанот беше претставена и видеоиграта Tetris.

CES во 2000-тите

Телевизија со висока дефиниција (HDTV): Бевме сведоци на нови телевизори и екрани со значителен скок во квалитетот на сликата, трансформирајќи го искуството за гледање на филмови дома. HDTV го одбележа саемот во 2006 година, кога беше една од главните вести.

MP3 плеери: iPod ја револуционизира потрошувачката на музика, што доведе до пораст на дигиталната музичка дистрибуција, но и потполна промена на дистрибуцијата на музика.

Телевизори со рамен екран: плазма и LCD екраните ги заменија големите и тешки CRT телевизори.

Techwood телевизор со рамен екран / Percivalor – Own work, CC BY-SA 4.0

Дигитални фотоапарати: Подемот на достапните дигитални фотоапарати ја демократизира фотографијата. Одеднаш сите можеа да фотографираат и да ги уредуваат своите фотографии.

Бил Гејтс го искористи својот говор на CES 2008 да го најави своето пензионирање.

2010-ти:

Паметни телефони: Подемот на ерата на паметни телефони со iPhone и Android паметните телефони. Нa CES во 2011 година беа најавени многу од првите 4G телефони.

Паметни домашни уреди: појава на гласовни асистенти (Alexa, Google Assistant), паметни звучници и поврзани домашни апарати.

Преносни компјутери: Фитнес-тракерите, паметните часовници и другата технологија за носење добија популарност.

Фитнес додаток од Zensorium претставен на CES 2015 / Tomeemrich, Flickr, CC BY 2.0

Виртуелна реалност (VR) и проширена реалност (AR): Први демонстрации на уреди кој уште не го дочекале својот врв.

Во 2016 година беше претставено безжичното полнење кое ќе биде комерцијално достапно. Ова беше најинтересна технологија во оваа година.

2020-ти:

Автономни возила: самоуправувачките автомобили и другите технологии за автономен транспорт и понатаму се главен фокус. Последните неколку години автомобилите се дел од најинтересните презентации на саемот.

Вештачка интелигенција (ВИ): уредите и апликациите кои работат на вештачка интелигенција стануваат сè поприсутни во различни сектори.

Обновливи извори: поголем акцент на еколошки и одржливи технологии, вклучувајќи решенија за обновлива енергија и електрични возила.

Технологии за метаверзум: Нови технологии поврзани со метаверзумот, вклучувајќи искуства со виртуелна и проширена реалност.

Клучни трендови последните неколку години:

Фокус на одржливост: грижата за животната средина сè повеќе ги поттикнуваат иновациите на CES. Фокусот е на одржливи решенија и намалување на влијанието на технологијата врз животната средина.

Дизајн со фокус на корисникот – расте акцентот на дизајнирање технологии кои се попогодни за корисниците, достапни и инклузивни за сите.

Ова секако не е потполна листа, но дава добар преглед за некои од најзначајните иновации прикажани на CES низ годините.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments