Зошто да ја играте Slayaway Camp 2?
- Фанови сте на првата игра
- Инвентивни загатки за креативно убивање
- Пародија на хорор филмовите од 80-тите
- Бројни, брзи и кратки мисии
iOS, Android, и Netflix Steam!
Тоа што доцниме два месеци со прегледот на Slayaway Camp 2 никако не значи дека не сме заинтересирани за серијалот на талентираното студио Blue Wizard Digital. Во 2016 година, оваа инди студио апсолутно ги освои хорор ентузијастите со Slayaway Camp. Иако играта нема многу рецензии на Steam, 95% од нив се позитивни. Ситуацијата е значително поразлична на фронтот со паметните телефони. Имено, Slayaway Camp: Horror Puzzle е преземена над 100 000 пати и има оценка од 4.8, што, ќе признаете, е исклучително импресивно, особено кога ќе земете во предвид дека играта не е бесплатна. Slayaway Camp 2 излезе на Steam пред два месеци и, слично на првата игра, нема многу рецензии, но, тоа што го има е исклучително позитивно.
Хорор во хоризонтална и вертикална форма
По чекорите на првата игра, Slayaway Camp 2 е хорор игра со загатки. Сместена во шаренолика графика, управувате сериски убиец и имате за задача да ги убиете сите несреќни кампери. Движејќи се по вертикални или хоринзонтални линии, ги туркате невините жртви се додека немаат каде да бегаат. Во таквите безизлезни ситуации, убиецот (вие) ќе ги засукате ракавите, а потоа ќе ги засукате и нив, изложувајќи ги на инвентивни, но крајно брутални начини на убивање.
Низ играта, ќе имате можност да играте со најразлични свирепи убијци и чудовишта кои се директна инспирација на хорор филмовите од 90-тите години од минатиот век. Сите од 36-те убијци припаѓаат на една од 5 класи, а секоја од класите се одликува со уникатни способности. Ова пружа бројни можности за инвентивно решавање загатки и убивање на жртвите, дали со вашите раце или пак со мачета. Во ситуацијата со оружја, ќе може да играте мини игри. Во случај да сте успешни во темпирањето, ќе можете да изведете уште погрозоморни убиства.
Slayaway Camp 2 нема премногу добра графика, но има се останато – разиграни анимации кои детално ги прикажуваат последните моменти на жртвите, прекрасни аудио ефекти, бројни можности за ефикасна пародија на култите хорор филмови, солидна музичка подлога и, најважно од се, паметно осмислени загатки кои стануваа се покомплексни како напредувате низ играта. Slayaway Camp 2 бара од вас да размислувате како да преминувате одредени пречки, како да си играте со жртвите, да ги заобиколувате, плашите или пак наведете во одредена замка. Резултатите може да бидат шокантни, но се исклучително забавни, правејќи ја играта да е како љубовно писмо за сите фанови на загатки и хорор филмови.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Blue Wizard Digital
- Издава: Blue Wizard Digital
- Жанр: авантура, загатки
- Платформа: Microsoft Windows, iOS, Android
- Излезе на: 28 октомври 2024