Кога се работи за дигитална симулација на животи, нема подобра игра од која било игра од The Sims серијалот. The Sims 4 е исклучително комплексна и детална симулација која стануваше се подобра со секоја експанзија. Се чини дека конечно доаѓа времето играта да биде проверена од повеќе играчи.
Од 18 октомври, The Sims 4 ќе биде бесплатна на сите платформи, почнувајќи со Mac, движејќи се кон PlayStation 4, PlayStation 5, Xbox One, and Xbox Series X, и завршувајќи со PC. Но, она што се нуди бесплатно е само основната игра од 2014 година, така да бројните експанзии и додатоци и понатаму остануваат зад платежен ѕид.
Во случај да веќе ја имате купено играта The Sims 4, студиото ќе ви поклони Desert Luxe Kit – додаток со неколку предмети за украсување на дворовите и собите, инспирирани од пејзажите во југозападната пустина.
Многу фанови ја проценија оваа вест како крајот на The Sims 4 и споро поплочување на патот кон излегувањето на The Sims 5. Но, од развојното студио Maxis побрзаа да објаснат дека тоа не би можело да е подалеку од вистината и дека веќе напорно работат на развивање нови и значајни искуства за играчите и дека и понатаму ќе ја поддржуваат The Sims 4.
Повеќе детали за иднината на The Sims 4 се очекува на 18 октомври.