Победата на Даниел Кајмакоски на X Factor Adria им даде надеж на стотици млади таленти дека и тие можат, ако се потрудат и останат верни на својот талент, да успеат во светот на шоу-бизнисот. Но, за почеток ќе треба да бидат пронајдени и да се покажат пред публиката.
„Последниот случај со Даниел Кајмакоски предизвика коментари од типот “Зошто никој не го забележал порано?” и од таму всушност доаѓа идејата да направиме нешто ова да не се повторува во иднина“, велат Александар Велков, Јоцо Тодоровски и Борис Едровски, основачи на Таленти.мк.
Таленти.мк e стартуван да биде место за сите млади дечки „кои се трудат да направат нешто повеќе во животот со својот талент“. Идејата е да им се даде поддршка на младите таленти, и шанса да се покажат пред публиката, да го чујат нивното мислење и да продолжат со својата надоградба. Може да се каже дека Таленти.мк е X factor каде судиите се публиката. Но, иако на сајтот преовладуваат музичките видеа, предложени од YouTube, тој ќе им послужи и на другите креативци кои сакат да ја споделат својата уметност. Без разлика на талентот, Таленти.мк ќе се обиде да ги искористи друштвените мрежи за да им даде можност на сите кративни луѓе да се поврзат со публиката.
„Talents.mk ќе биде местото за ова да се случува навремено, побрзо, полесно и директно“, велат тројцата основачи кои проектот го стартуваат сами без поддршка на спонзори или музичките студија. „Гледајќи во иднината од аспект на визија, дефинитивно сакаме да прерасне ова во дестинација каде што доаѓаат млади таленти со цел да добијат поддршка и обожаватели (од една страна), а секако да се поврзат со спонзори, продуценти, менаџери, тренери итн. – кои што би им помогнале да изградат кариера (од друга страна).
[youtube]KrCW_-prS3w[/youtube]








Aко домејнот е talents.mk како сте можеле во насловот да го преведете, во 5 оделение се учи дека имиња не се преведуваат.
А ако сте сакале да направите кирилична транскрипција на talents.mk требало да напишете талентс.мк
Никола фала ти!
А за талентиве нешто? Идејата?
Некое видео да ни препорачаш?
Биди ми поздравен!